Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ново правило за летовите до Турција – следи казна ако го направите ова

by Уредник
22.05.2025
in Uncategorized

Патниците што летаат за Турција кои ќе ги откопчаат безбедносните појаси и ќе излезат од седиштето пред слетувањето, сега се соочуваат со казни според новата регулатива издадена од Турската управа за цивилно воздухопловство.

Новиот закон, кој стапи на сила на почетокот на мај, е обид да се влијае врз безбедноста, бидејќи е откриено дека голем број патници ги откопчуваат безбедносните појаси, стануваат и ги отвораат куферите пред авионот да застане

Генералниот директорат на Турската управа за цивилно воздухопловство вели дека добиле поплаки дека луѓето го кршат ова правило и при инспекциите потврдиле дека многу патници не се придржуваат.

Самата регулатива не ја наведува висината на казната, но турската телевизија Халк ТВ објави дека таа е 2.603 ​​лири или 60 евра.

Според новиот турски закон, казна може да се издаде и ако патниците брзаат кон излезот откако знакот за безбедносниот појас е исклучен, иако патниците во редовите пред нив сè уште не се подготвени. Авиокомпаниите кои не ги исполнуваат овие барања може да се соочат и со административни казни.

Туркиш ерлајнс веќе ги испрати релевантните информации до своите стјуардеси, објавија турските медиуми.

Next Post

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ПАНЕЛИСТ НА ЗАВРШНИОТ НАСТАН ОД ПРОГРАМАТА „ЗАЕДНО ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА“

Скандал во Карпош: Концерти во дивоградба, опасност за посетители и изведувачи

Препорачани Вести

Изет Меџити: Мајчинскиот јазик, клучен елемент на идентитетот и заедничкото живеење во мултиетничките општества

11 months ago
Гужви на Табановце: Еве колку се чека утринава на граничните премини во државава

Гужви на Табановце: Еве колку се чека утринава на граничните премини во државава

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.