Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Божиновска: Без компромис кога станува збор за здравјето – енергетската транзиција е нашиот одговор на аерозагадувањето

by Уредник
23.05.2025
in Uncategorized

Скопје. 23 Мај 2025 – „Здравјето на граѓаните е неприкосновено. Аерозагадувањето не е само еколошки, туку и здравствен предизвик. Нашиот одговор е јасен – енергетска транзиција со конкретни мерки и силна контрола,“ изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, за време на надзорната расправа на Собраниската комисија за здравство, посветена на влијанието од аерозагадувањето врз здравјето на населението.

Министерката Божиновска ги претстави активностите на Министерството, нагласувајќи дека тие се клучен партнер во реализацијата на „Планската програма за почист воздух 2024 – 2030“, која се фокусира на намалување на загадувањето преку:

  • субвенционирање на топлински пумпи и гасни котли за домаќинства;
  • развој на гасни когенеративни централи во урбани средини;
  • модернизација на јавните системи за греење преку проектот „Државата не загадува – водиме со пример“;
  • електрификација на такси флотата;
  • поддршка за граѓани и бизниси преку иницијативата Green Finance Facility.

„Свесни сме за влијанието на традиционалните енергетски капацитети врз квалитетот на воздухот. Но, она што ја влоши ситуацијата е неодговорната употреба на штетни горива од сомнително потекло – често за личен профит, на штета на здравјето на сите нас,“ рече Божиновска.

Таа потсети на неодамнешниот случај со увоз на токсичен мазут за греење болници и јавни институции, кој е под истрага на Јавното обвинителство.„Овие случаи се силен сигнал зошто ни е потребен цврст систем, без простор за злоупотреби. Токму тоа го предвидува новиот Закон за енергетика – строга контрола и високи еколошки стандарди,“ додаде таа.

Божиновска нагласи дека Министерството активно инвестира и во обновливи извори на енергија, притоа задржувајќи ја транзициската улога на природниот гас.

„Зелената транзиција мора да биде праведна. Посветено работиме на модернизација на РЕК Битола, но истовремено инвестираме во соларни и ветерни централи. Регионалната соработка и новите енергетски интерконекции со Албанија, Грција и соседните земји се клучни за стабилен и интегриран енергетски пазар.“

Во заклучок, министерката Божиновска апелираше за меѓусекторска соработка:
„Аерозагадувањето не познава административни граници. Само со заеднички ангажман – од централно до локално ниво – можеме да го подобриме квалитетот на воздухот и да обезбедиме здрав живот за сите.“

Next Post

Битола: Започна асфалтирањето на улицата „Буковски Мост“

Визионерот Никола Тесла: Како ќе изгледа светот во 2035 според неговите предвидувања

Визионерот Никола Тесла: Како ќе изгледа светот во 2035 според неговите предвидувања

Препорачани Вести

Министерот Ристовски го исполни ветувањето за студентите – Реконструирани спортските игралишта во СД „Гоце Делчев“ во Скопје

4 weeks ago

Убави вести за наставниците – Следува покачување на платите

3 weeks ago

Популарни Вести

  • Макрон со очила за сонце на состанок – Ова е причината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент на Попова Шапка – МВР до детали од настанот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.