Денеска (23.05.2025) во 18.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул. “8 Септември” со бул.”Никола Карев” во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.
Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Во тек е увид.





![[ВИДЕО] Трагедија попладнево во Скопје: Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа со мотор](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/05/screenshot-2025-05-23-194034.png)



