Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

До 100.000 евра за млади брачни парови кои ќе се преселат на село и ќе станат земјоделци

by Уредник
24.05.2025
in Uncategorized

Финансиска поддршка до 100.000 евра, која треба да им помогне да инвестираат во изградба или реконструкција на објекти, да купат земјоделска механизација, земјоделско земјиште или добиток, за младите брачни парови кои би се преселиле на село и би се занимавале со земјоделие. Ова се само дел од мерките од новиот Закон за земјоделство и рурален развој кој е објавен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и е даден на увид на јавноста, чија цел е заживување на руралните средини и стимулирање на земјоделците да се здружуваат за да станат поконкурентни.

Главен услов да ја добијат оваа поддршка е да не се постари од 40 години, да се занимаваат со земјоделска дејност и да живеат во руралната средина во рамки на семејното земјоделско стопанство во наредните 10 години.

-Финансиската поддршка изнесува 80% од вредноста на прифатливи и направени трошоци, најмногу до 6.000.000 денари по брачен пар. Периодот на користење на поддршката е проектен циклус во траење од 3 последователни години. Поддршката се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата, се наведува во челнот 138 од предложениот текст на законот.

Доколку младиот брачен пар не го исполни условот да живее и да работи на село 10 години ќе треба да го врати целиот износ на дадената поддршка.

Исто толку пари (100.000 евра) ќе добијат и младите на возраст до 40 години, кои ќе отворат бизнис поврзан со земјоделството или шумарството, вклучително и основање нови семејни земјоделски стопанства или диверзификација на доходот на земјоделските домаќинства во неземјоделски активности и започнување бизнис за неземјоделски активности во руралните области како дел од стратегиите за локален развој.

Поддршка со 20.000 евра ќе добијат и млади земјоделци кои ќе почнат земјоделска дејност, потоа активни женски членови на земјоделско семејство и за развој на микропретпријатија, воведување иновативни практики и воведување нови економски дејности на село.

Посебна поддршка е предвидена за жените како носителки на производството. Таа е во висина до 6.000 евра.

Помош од 10.000 евра ќе добиваат и младите кои за првпат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку наследување или преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување ново земјоделско стопанство.

Новиот закон треба да обезбеди усогласување со европските директиви во делот на директните плаќања и уредувањето на земјоделските пазари. Јавниот увид на текстот на законот трае до 28 мај, а за 2 јуни е планирана јавна расправа.

Next Post

По синоќешниот напад врз Украина - Зеленски се обрати до партенрите!

Трамп издаде извршни наредби за забрзан развој на нуклеарни енергетски капацитети

Препорачани Вести

Пред средбата со Путин, Трамп даде изјава која е кошмар за рускиот претседател: Добри вести за Зеленски?

Пред средбата со Путин, Трамп даде изјава која е кошмар за рускиот претседател: Добри вести за Зеленски?

5 months ago

Витаминка – нов партнер на Фудбалската федерација на Македонија

9 months ago

Популарни Вести

  • 10 интересни факти за Гренланд – најголемиот остров со стратешко значење за светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гренланд: Голем протест во Нуук против плановите на Трамп за преземање од САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сериозна сообраќајка на „Борис Трајковски“ кај Пинтија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон: Царинските закани на Трамп се неприфатливи, Европа ќе одговори обединето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Перник празнува: Колоритни костими и стотици учесници на дефилеата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.