Connect with us

Црна Хроника

Вооружен инцидент и полициска акција во Тетовско: Приведени седум лица, меѓу нив и малолетници

policija

Седум лица, меѓу кои и тројца малолетници, се приведени од тетовската полиција по драматичен инцидент на патот Јажинце – Тетово, каде според пријавата две лица биле пресретнати со возила, следени и загрозени со огнено оружје. Полицијата пронашла чаура од испукан куршум, а сите инволвирани се задржани во станица. По целосно документирање, ќе следуваат соодветни поднесоци.

„На 23.05.2025 во 20.25 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с.Нераште, А.И.(18), Е.Б.(21) и тројца малолетници, сите од с.Доброште. Претходно, А.Ј.(22) и Ф.М.(18), двајцата од с.Одри, тетовско, пријавиле дека на 22.05.2025 околу 23.00 часот на регионален пат с.Јажинце- Тетово, додека се движеле со патничко возило „бмв” со тетовски регистарски таблички, лицата со две возила им го блокирале патот, а откако побегнале биле следени и притоа слушнале истрели од огнено оружје“, велат од МВР. 

По преземени мерки кај с.Пршовце е пронајдена чаура од испукан куршум, а лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Advertisement

Црна Хроника

Автомобил со американски таблички излетал од коловозот кај Кичево: една жена тешко повредена

Рано утрово, околу 03 часот, на магистралниот пат Гостивар–Кичево, во близина на селото Трапчин Дол, патничко возило „Волво“ со американски регистарски ознаки излетало од коловозот, информираа од ОВР Кичево.

Возилото го управувал Ф.А. (32) од Кичево, кој во несреќата се здобил со телесни повреди. Сериозно повредена е сопатничката А.З. (25) од Кичево, кај која биле констатирани тешки телесни повреди во Медицинскиот центар Кичево.

На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево, а причините за сообраќајката дополнително се утврдуваат.

Continue Reading

Црна Хроника

Тројца приведени по физички напад во Тетовско

На 07.12.2025 во 04:00 часот во с.Желино, полициски службеници од ПО Групчин и ПС Тетово, ги лишија од слобода А.Ф.(37) и Ќ.Б.(33), двајцата од с.Желино и С.И.(46) од с.Требош, кои биле пријавени од И.К.(37) од с.Прељубиште дека во угостителски објект во с.Желино физички го нападнале. Исто така, според пријавеното, И.К. на паркингот на објектот оштетил две паркирани возила. По документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок. 

Continue Reading

Црна Хроника

Со пиштол ограбена обложувалница – МВР со детали

На 06.12.2025  во 20:40 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во обложувалница во Струга едно лице со закана со пиштол, од вработената одзело пари. 

Се преземаат мерки за расветлување на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг