Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

АЕК ГО ОБВИНИ СКОПЈЕ ЗА НЕПРАВДА Грците велат дека не преговараат за нивната чест

by Уредник
25.05.2025
in Uncategorized
Од АЕК посочуваат дека нивните фанови биле спречени да влезат во Македонија и покрај тоа што, како што тврдат, било претходно договорено тие да присуствуваат на натпреварот.

Клубот АЕК Атина се огласи по откажувањето на реванш-финалето во Европскиот куп против македонскиот тим Алкалоид, упатувајќи остри обвинувања на сметка на властите во Скопје и изразувајќи незадоволство од третманот кон нивните навивачи.

„АЕК значи чест, гордост, почит, морални вредности. АЕК значи семејство, АЕК значи унија. Најголемата поддршка на АЕК се навивачите. А, непочитта кон нив во овој свет е непочит и кон АЕК“, се наведува во соопштението на клубот.

Од АЕК посочуваат дека нивните фанови биле спречени да влезат во Македонија и покрај тоа што, како што тврдат, било претходно договорено тие да присуствуваат на натпреварот.

„Ниедна сила во светот не може да направи неправда како властите во Скопје што се обидоа да направат. Не дозволија наши навивачи да ја минат границата и да влезат во земјата, нешто што беше одобрено на состанокот“, велат од АЕК.

Оттаму додаваат дека семејството на АЕК испратило едногласна порака со која ја оправдуваат одлуката да не излезат на терен.

„Сите сме обединети, не преговараме за честа на АЕК“, стои на крајот од соопштението.

„Еноси“: Храбра одлука од Папастаматис – АЕК не излегува на терен без своите навивачи!

Нема да дозволиме неправда кон нашите навивачи и измама од локалните власти, им рекол високиот член на раководството на РК АЕК Стаматис Папастаматис на ракометарите на атинскиот клуб, информирајќи ги дека одлуката е да не излезат на терен, пишува спортскиот портал „Еноси“, што е специјализиран за вести поврзани со екипите на АЕК во сите спортови, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот под наслов „Храбра одлука од Папастаматис – АЕК не излегува на терен за да се натпреварува без своите навивачи!“, порталот пишува дека членот на раководството ја посетил соблекувалната на ракометарите во салата „Борис Трајковски“ и ги информирал играчите на АЕК дека одлуката е поради „неправдата кон навивачите на кои не им беше дозволено да ја преминат границата“.

– Разбирам дека сите сакавте да влеземе на терен и да се бориме. Но, правото на луѓето на АЕК е и наше право. Тие се нашата сила и ние ќе ги почитуваме по секоја цена. Нема да дозволиме неправда кон нашите луѓе и измама од страна на локалните власти. АЕК е семејство. И ние сме едно со нашите луѓе. Одлуката на сите нас во раководството е да не излеземе да играме, им рекол Папастаматис на ракометарите, според „Еноси“.

Истиот портал „Еноси“, нешто помалку од еден час пред натпреварот, објави дека неколку автобуси со навивачи на АЕК биле задржани на граничниот премин и не им бил дозволен влез и дека „раководството на АЕК, на состанок со ЕХФ, јасно стави до знаење дека тимот нема да излезе на терен, ако на навивачите не им биде дозволено да ја преминат границата“.

Од АЕК попладнево преку соопштение ги информираа нивните навивачи дека „по утрински безбедносен состанок и покрај упорноста и титанскиот напор на АЕК да обезбеди што е можно повеќе билети за натпреварот, локалните власти на земјата донесоа непопустлива одлука дефинитивно да доделат 200 билети“.

Реваншот меѓу Алкалоид и АЕК од финалето во ЕХФ Европскиот куп што требаше да се одигра во 20.30 часот во „Борис Трајковски“ не започна, откако ракометарите на гостинскиот тим одбија да излезат на терен.

Од ЕХФ соопштија дека финалето е откажано поради безбедносни причини, а дополнителни информации за понатамошните процедури ќе бидат соопштени навремено.

Next Post
Финска предупредува на зголемена руска воена активност во Балтичкото Море

Финска предупредува на зголемена руска воена активност во Балтичкото Море

Барселона убедлива против Атлетик Билбао: Левандовски блескаше со два гола

Барселона убедлива против Атлетик Билбао: Левандовски блескаше со два гола

Препорачани Вести

Плати од стотици милиони долари: експертите за вештачка интелигенција стануваат најплатени професионалци во светот

5 months ago
Прва помош при срцев удар: Кардиолог открива две клучни работи кои можат да спасат живот

Прва помош при срцев удар: Кардиолог открива две клучни работи кои можат да спасат живот

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.