Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ДА НЕ БИЛЕ БУГАРИТЕ ЌЕ СИ ОСТАНЕВМЕ НЕПИСМЕНИ Петков халуцинира дека Кирил и Методиј биле Бугари

by Уредник
25.05.2025
in Uncategorized
Поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков, во својата честитка истакна дека Бугарија е заслужна за просветлувањето на словенските народи, нарекувајќи ја „ослободител од незнаењето“. Според него, кирилицата ја претвора Бугарија во темел на словенската писменост, а бугарскиот јазик – во основа на сите словенски јазици. Тој додаде дека додека други земји, вклучително и Русија, немаат јасна историја на писменост пред глаголицата и кирилицата, токму Бугарија им ја дала основата за културен развој.

Поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков, го честита денешниот државен празник во Бугарија „24 мај – Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“.

„Бугарија е ослободител од незнаењето на словенските народи. Кирилицата е азбука која ја претвора Бугарија во основоположник, а бугарскиот јазик во основа на сите словенски јазици. Кога другите земји, вклучително и Русија, немаат јасни историски податоци за сопствената писменост пред глаголицата и кирилицата, ние им дадовме писменост како основа на нивната култура! Ова е повод за вистинска гордост за секој Бугарин“, посочи експремиерот во својата честитка.

Денес 300 милиони луѓе ширум светот користат кирилица, додаде тој.

„Освен во Бугарија, азбуката е официјална во Белорусија, Босна и Херцеговина, Киргистан, Северна Македонија, Монголија, Црна Гора, Украина, Србија, Таџикистан и Русија. Писменоста и културата го сочувале бугарскиот идентитет низ вековите на туѓо владеење. Ако и во иднина се залагаме за Бугарија како нација на знаењето, културата и на науката, можеме да изградиме просперитетна земја која ќе си ја одреди сопствената иднина. Ова е патот кој денешниот ден ни го покажува“, порача на Фејсбук лидерот на партијата Продолжуваме со промената за празникот, што до пред 5 години во Бугарија се славеше како „24 мај – Ден на бугарската просвета и култура и на словенската писменост“.

Next Post

ЗОШТО ПУТИН Е СИГУРЕН ВО ПОБЕДА ДУРИ И ПО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЖРТВИ? Еве што откри американското воено разузнавање за плановите на Кремљ

Силвија Думинуцо од Италија ja бара биолошката мајка во Македонија

Препорачани Вести

Foreign Policy: Светот го чека нов голем воен конфликт – можен веќе кон крајот на август

5 months ago

Знаења и вештини за иднината на децата и младите – Нелт Груп и УНИЦЕФ – една година заедничка мисијаза образование кон одржлива иднина

6 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.