Connect with us

Магазин

Седум сигнали дека вашето здравје е загрозено: Не ги игнорирајте – телото ви испраќа јасна порака дека е преполно со токсини

Надразнетост на кожата, постојан замор, главоболки и несоница се само некои од предупредувачките знаци дека телото ви е преоптоварено со штетни материи. Според стручњаците, овие симптоми укажуваат дека е време да обрнете внимание на здравјето и да започнете со процес на детоксикација.

1. Несоница

Несоницата често е поврзана со натрупување на токсини, особено со нарушено функционирање на црниот дроб. Ако тешко заспивате или често се будите во текот на ноќта, време е да го поддржите црниот дроб со исхрана богата со растителни влакна и сулфурни соединенија – брокулата, карфиолот и лукот се идеални за таа цел.

2. Летаргија и замор

Ако се разбудите уморни и се чувствувате без енергија во текот на целиот ден, можно е токсините да му ja одземаат енергијата на вашето тело. Наместо да се потпирате на кофеин, внесувајте повеќе интегрални житарки – тие се богати со витамини од Б-групата кои го поттикнуваат менталниот фокус и ја враќаат енергијата.

3. Главоболки

Чести и упорни главоболки може да бидат последица на задржување токсини во организмот. Иако во текот на процесот на прочистување тие може привремено да се засилат, по успешно исфрлање на штетните материи, главоболките најчесто исчезнуваат или значително се намалуваат.

4. Проблеми со кожата

Кожата е еден од најчувствителните индикатори за внатрешна нерамнотежа. Појава на осипи, акни или невообичаени иритации може да значи дека телото се обидува да се ослободи од токсини преку кожата – знак дека ви е потребна детоксикација.

5. Жолт или бел слој на јазикот

Состојбата на јазикот често укажува на состојбата на дигестивниот систем. Жолт или бел слој може да биде сигнал дека храната што ја внесувате содржи токсични материи што го нарушуваат варењето. Оваа појава најчесто е знак за преоптовареност на цревниот тракт.

6. Натрупување масно ткиво околу стомакот

Токсините од храната, воздухот и водата можат да се акумулираат во стомачната регија, каде телото ги складира во масното ткиво како заштитен механизам. Единствениот начин да се ослободите од нив е преку целосна детоксикација.

7. Чувство на внатрешна топлина и прекумерно потење

Кога во телото има вишок токсини, еден од природните механизми за нивно исфрлање е преку пот. Ако често чувствувате вжештеност или се потите дури и на пониски температури, телото веројатно се обидува да ги исфрли штетните материи преку кожата.

Детоксикацијата не е само моден тренд, туку неопходен процес за поддршка на здравјето. Доколку препознаете некој од овие симптоми, време е да и дадете предност на чиста исхрана, внес на повеќе течности и намалување на стресот – чекори кои го зајакнуваат телото и му овозможуваат да се избори со токсините.

Advertisement

Магазин

Рим воведува наплата на билети за една од своите најголеми атракции

Градските власти во Рим размислуваат за воведување наплата за посетите на една од најпознатите туристички атракции во градот – Фонтаната Треви, поради сè поголемиот број туристи и проблемите со пренатрупаност во централното градско подрачје.

Фонтаната Треви, сместена во истоимениот кварт, со децении е симбол на Рим и место каде посетителите традиционално фрлаат парички за среќа. Обичајот стана светски познат по филмот „Три парички во фонтаната“, а според проценките, од фонтаната дневно се собираат околу 2.800 евра, односно повеќе од 900.000 евра годишно. Собраните средства се донираат на католичка добротворна организација.

Во првата половина од 2025 година, повеќе од 5,3 милиони туристи ја посетиле Фонтаната Треви, што предизвика бројни поплаки за преголеми гужви, долги редици и појава на џепчии. Како одговор на состојбата, од јануари се планира воведување два одделни влеза – еден за жителите на Рим и еден за туристите.

Италијанските медиуми објавија дека се разгледува можност од 7 јануари туристите да плаќаат билет од две евра за посета на фонтаната, што, според неофицијални проценки, би можело да донесе значителни приходи во градскиот буџет. Сепак, Градскиот совет на Рим соопшти дека засега нема конечна одлука и дека станува збор само за опција која е предмет на анализа.

Фонтаната Треви е доцнобарокно архитектонско дело, изградена во 18 век, со ширина од 20 и висина од 26 метри, и претставува најголемата фонтана во градот. Таа неодамна беше прогласена за една од најдобрите туристички атракции според изборот на патниците за 2025 година.

Поради пренатрупаноста, од минатата година бројот на посетители е ограничен на максимум 400 лица во исто време, а воведен е и систем за организирано чекање во ред. И покрај тоа, гужвите остануваат сериозен проблем, а не е јасно дали евентуалната наплата на билети ќе придонесе за негово решавање, со оглед на континуираниот раст на туризмот во Рим.

Continue Reading

Магазин

САД се закани со жестоки мерки поради острата казна на ЕУ за X на Маск

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп упати предупредување за можни протумерки кон европските компании поради „дискриминаторни“ мерки против американските услуги.

Во објава на платформата X, Уредот за трговски претставници на САД (USTR) го обвини Европскиот сојуз и некои членки за „дискриминаторни и проблематични тужби, даноци, казни и директиви против американските услуги“. Во исто време, USTR посочи дека европските компании како Accenture, DHL, Siemens и Spotify „слободно работат“ во САД.

„Ако ЕУ и земјите членки инсистираат на продолжување со ограничувањата и дискриминирачките мерки, САД нема да имаат друг избор освен да користат сите расположливи алатки за да се спротивстават на овие неправедни мерки“, се наведува во соопштението.

Ова следува по казната од 120 милиони евра што Европската комисија ја изрече на платформата X на Елон Маск за кршење на правилата за транспарентност според Актот за дигитални услуги. По казната, X го укина акаунтот за реклами на Европската комисија, а Маск спореди ја Унијата со нацистичка Германија.

ЕУ нагласи дека казната е изречена поради обесхрабрување на корисниците, оневозможување на истражувачите да дојдат до податоци и недостаток на транспарентност во документацијата за реклами. Трамп претходно ја критикуваше казната, велејќи дека „Европа се движи во погрешен правец“.

Continue Reading

Магазин

Влад Илиќ од Куманово: Најдобар стенд ап комичар во Велика Британија за 2025

Во „бастионот“ на светската комедија, култниот Comedy Store во Лондон, македонското знаме симболично се развеа на највисокото скалило. Во конкуренција на дури 700 комичари од целото Обединето Кралство, на 3 декември 2025 година, Македонецот Влад Илиќ ја понесе престижната титула „Најдобар стенд-ап комичар во Велика Британија за 2025“.

По првиот голем блесок на ББС пред три години, овој успех е круна на една десетгодишна фасцинантна транзиција. Патот на Илиќ започна како актер во Кумановскиот театар, каде што под влијание на домашните мајстори како Сашко Коцев и Тони Михајловски, почна да го бруси својот талент за подоцна да се лансира меѓу светските ѕвезди.

„Среќен сум што годините поминати на сцена се крунисани со ова признание. Тоа е потврда за сиот влог, но најмногу за хуморот кој е специфичен и веќе препознаен. Она што ме издвојува е нашиот менталитет – тој уникатен македонски ген кој ни овозможува на животот да гледаме малку понесериозно и пообјективно. Можеби во фудбал секогаш ќе губиме од Англичаните, ама во хуморот не ни можат ништо!“, вели расположениот Илиќ веднаш по триумфот.

Зад блескавиот пехар стојат илјадници непроспиени ноќи, аматерски настапи во зачадени клубови и неуморно пишување материјали. Влад денес е вистински полиглот на сцената, изведувајќи ги своите шоуа на четири јазици: македонски, англиски, српски и италијански.

„Ништо не е случајно во ваков натпревар,“ објаснува тој. „Ме грее љубовта кон професијата, поддршката од семејството и гордоста што ја претставувам мојата татковина. Тој пламен е посилен од студот на овој дождлив остров.“

Покрај статуетката, Илиќ доби и парична награда од 10.000 фунти. На прашањето каде ќе завршат средствата, тој во свој препознатлив стил одговори: „Ќе ги дадам во хуманитарни цели – на братучедите.“

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг