Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Акција на полицијата – уапсени повеќе лица

by Уредник
26.05.2025
in Uncategorized

Струмичката полицијата до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против А.Б.(31) и А.Р.(25), двајцата од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривични дела „изнуда” по член 258 став 1 и „лихварство“, по член 260 став 1 и против Е.Б.(27) и Р.Р.(20), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ по член 258 став 1 во врска со член 22 и „лихварство“, по член 260 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„А.Б и А.Р. кои издржувале затворска казна во Затвор Идризово, со користење на незаконски стекнати мобилни телефони, преку апликацијата „фејсбук месинџер“ од мајка на друго лице кое издржувало затворска казна барале да им исплаќа сума од 1200 евра месечно за нејзиниот син да добие наводни „гаранции и заштита“ во затворот и подобри услови за сместување, а при видео повиците и покажувале како насилно се однесувале кон нејзиниот син, притоа уценувајќи ја дека доколку не им бидат исплатени пари ќе продолжат со насилството кон синот.

 На 23.05.2025 Е.Б., кој е брат на А.Б., и Р.Р., кој е брат на А.Р., по претходен договор со мајката на осуденото лице дошле во Струмица со цел да остварат средба со неа, на која требало таа да им даде претходно договорен износ на пари, кои биле дел од парите што ги барале како наводен долг кој таа го имала кон нив. По остварената средба, односно во момент кога Е.Б. ги зел парите, кои биле претходно обележани, бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од СВР Струмица, а Р.Р. се дал во бегство, но веднаш бил фатен и лишен од слобода.При лишувањето од слобода, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за кои тој не приложи документација за потекло на наведените парични средства, по што истите од страна на полициски службеници биле одземени“, се вели во соопштението на полицијата.

Во исто време, од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за организиран и насилен криминал и Одделение за насилен криминал при СВР Скопје биле извршени претреси во затворските ќелии во Затвор Идризово, во кои престојувале А.Б. и А.Р, при што кај нив биле пронајдени и одземени два незаконски стекнати мобилни телефони. Е.Б. и Р.Р. биле задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Next Post
Полицијата уапси кумановец, управувал возило со брзина од 91 км/час во населено место каде што е дозволено 40 км/час

Полицијата уапси кумановец, управувал возило со брзина од 91 км/час во населено место каде што е дозволено 40 км/час

Кривична пријава против градоначалникот на Кичево, го оштетил општинскиот буџет за скоро 4 милиони денари

Кривична пријава против градоначалникот на Кичево, го оштетил општинскиот буџет за скоро 4 милиони денари

Препорачани Вести

Софија Вергара повторно блесна: Нејзиниот фустан и бујното деколте ги привлекоа сите погледи на Оскарите (ФОТО)

Софија Вергара повторно блесна: Нејзиниот фустан и бујното деколте ги привлекоа сите погледи на Оскарите (ФОТО)

11 months ago
24-годишна девојка од Велес, осомничена дека извршила серија кривични дела во само пет дена

Куќа никнала преку ноќ: Бесправна градба откриена на имот на ИВЗ!

2 months ago

Популарни Вести

  • kostadinka palazova

    Почина Костадинка Палазова, гласот што го оживуваше македонското народно наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Илинден“-Тирана со целосна поддршка за тужбата против центрите за мигранти во Пустец

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Прилеп: Темелно чистење на коритото на Градската река кај минорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.