Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Европа подготвува сериозен удар за Израел

by Уредник
26.05.2025
in Uncategorized
Европа подготвува сериозен удар за Израел

Европа подготвува нов притисок врз Израел: Спортот не е место за земји што не ги споделуваат европските вредности

Европската Унија разгледува можни санкции против Израел во спортскиот и културниот сектор поради континуираната воена офанзива во Појасот Газа, пренесуваат европски медиуми.

Комесарот за спорт на Европската комисија, Глен Микалеф, во интервју за Политико изјави дека земјите кои не ги споделуваат основните европски вредности не би требало да учествуваат на меѓународни спортски настани. „Спортот е алатка преку која промовираме мир и ги застапуваме човековите права“, рече Микалеф, додавајќи дека спортските организации се автономни, но политичките лидери имаат обврска да го искажат својот став.

Изјавата доаѓа во време на сè поголем притисок врз Израел од страна на европските земји поради влошената хуманитарна ситуација во Газа. Според последните податоци, повеќе од 50.000 Палестинци загинале, а стотици илјади страдаат од глад и болести. Цели градови, како Кан Јунис и Рафах, се претворени во урнатини.

Минатата недела, мнозинството земји-членки на ЕУ дадоа поддршка за ревизија на политичкиот договор со Израел, а неколку израелски амбасадори беа повикани на разговор во престолнините на Франција, Италија и други земји. Причина за дипломатската реакција беше инцидент во кој израелската војска пукала предупредувачки истрели кон европска дипломатска делегација на Западниот Брег.

Микалеф ја осуди, како што ја нарече, „апсолутно шокантната“ состојба во Газа и истакна дека е неопходно вредностите на Унијата да се одразат и преку спортот и културата.

Во контекст на спорните прашања, Микалеф се осврна и на учеството на Израел на овогодинешната Евровизија, кое предизвика бурни реакции. Шпанскиот премиер Педро Санчез побара исклучување на Израел од ваквите настани, посочувајќи дека „не смее да постојат двојни аршини ни во културата“.

Микалеф потврди дека веќе разговарал со Европската радиодифузна унија за овој случај и подвлече: „Овие настани не се само забава, тие се платформи преку кои треба да се застапуваат вредностите на кои се темели Европската Унија“.

За потсетување, по руската инвазија врз Украина во 2022 година, Русија беше моментално суспендирана од сите спортски натпреварувања од страна на МОК и ФИФА, што предизвика повици до меѓународната заедница да реагира со иста мерка и во случајот со Израел.

„Во Газа има крвопролевање, а цената ја плаќаат цивилите. Спортот мора да биде дел од решението, не од молкот“, заклучи Микалеф, кој зборуваше во Европскиот парламент за време на дебата посветена на состојбата во Газа.

Next Post
Иран: Ќе преживееме и без САД

Иран: Ќе преживееме и без САД

Божиновска: Првата Гаранција за потекло на зелена енергија е чекор кон европски енергетски пазар

Препорачани Вести

Храната во Европа: Македонија најевтина, Швајцарија најскапа

1 month ago
Проблеми за Путин, Зеленски го одби предлогот за прекин на огнот: Украинскиот претседател го откри своето барање

Проблеми за Путин, Зеленски го одби предлогот за прекин на огнот: Украинскиот претседател го откри своето барање

9 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.