Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Иран: Ќе преживееме и без САД

by Уредник
26.05.2025
in Uncategorized
Иран: Ќе преживееме и без САД

Иранскиот претседател Пезешкијан: Ќе опстанеме и без САД

Иран ќе успее да преживее дури и без разговори со САД или со нови санкции, изјави денеска иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, пренесуваат иранските медиуми, повикувајќи се на агенцијата „Ројтерс“.

„Нема да умреме од глад ако одбијат да преговараат со нас или ако воведат нови санкции. Ќе најдеме начин да преживееме“, истакна Пезешкијан во своето обраќање.

Изјавата следи по коментарот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата недела оцени дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма се движат во позитивна насока и ги нарече „многу добри“.

Претставници на двете земји неодамна одржаа петта рунда преговори. Според американскиот специјален претставник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, на последниот состанок бил постигнат одреден напредок.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Иран нема да прифати договор без право на облагородување на ураниумот, но нагласи дека постои простор за напредок во преговорите.

Еден од разгледуваните предлози, според дипломатски извори, предвидува Иран да го прекине облагородувањето на територијата на земјата, но да продолжи со снабдување преку регионален конзорциум во кој би учествувале земји од Блискиот Исток и САД.

Во меѓувреме, иранските власти предупредија дека секоја американска поддршка за израелските воени дејствија би можела сериозно да ги наруши односите меѓу Техеран и Вашингтон, пренесува агенцијата „АП“.

Next Post

Божиновска: Првата Гаранција за потекло на зелена енергија е чекор кон европски енергетски пазар

Не знаат да го контролираат бесот: Ова се двата најнервозни хороскопски знаци

Не знаат да го контролираат бесот: Ова се двата најнервозни хороскопски знаци

Препорачани Вести

Шест полицајци повредени во судири пред Универзитетот во Нови Пазар

6 months ago
Астрономски цифри: Еве колку заработил американскиот претседател Трамп во 2024 година

Астрономски цифри: Еве колку заработил американскиот претседател Трамп во 2024 година

7 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.