Connect with us

Македонија

Од денеска Македонија ќе биде домаќин на воената вежба „Брз одговор 2025“, учество ќе земат 12 илјади војници

Од денеска државава ќе биде домаќин на воената вежба „Брз одговор 2025“ како дел од големата мултинационална вежба DEFENDER 2025 со околу 12.000 војници кои учествуваат во различни земји низ Европа.

Во вежбата што ќе се одржува во земјава ќе учествуваат повеќе од 2.000 војници од државава, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство. Северна Македонија ќе учествува со 950 припадници на Армијата, САД со 710, Црна Гора со 185 учесници, Косово со 150, Австрија со 70, Грција 50, Албанија 30, Италија 30 и обединетото Кралство со двајца учесници.

Сите единици ќе користат своја формациска опрема, а како позначајни ќе бидат тенковите Леопард, борбените хеликоптери „AH-64 APACHE“, транспортни медицински хеликопртери Blek hawk, инженериско возило „Хаски“, минофрлачи 120милиметри, транспортен хеликоптер Ми 8/17 и оклопни возила JLTV i HMMWV. На вежбата ќе се користи стандардна маневарска и боева пешадиска и артилериска муниција.

Вежбата ја тестира способноста на НАТО да одговори на развојните безбедносни закани, вклучувајќи и сајбер напади, служејќи како важна платформа за усовршување на мултинационалната соработка и потврдување на подготвеноста на силите-учеснички да го споделат товарот во сложени и спорни средини.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски минатата недела на брифинг со медиумите информираше дека оваа вежба е една од најголемите досега во државава во која ќе учествуваат околу 2200 војници од седум НАТО земји и две партнерски држави.

„Вежбата меѓу другото има цел да ја подобри интероперабилноста меѓу сојузничките и партнерските силик како и заедничко дејствување во сложени услови и брза реакција на силите во источниот дел на Европа“, истакна Лафчиски.

„Брз одговор 2025“ се поклопува со 32-годишнината од Програмата на партнерски сојузни држави меѓу Националната гарда на Вермонт и Северна Македонија, под покровителство на Бирото на Националната Гарда на САД.

Во пресрет на воената вежба, во Битола и Штип заеднички концерт одржаа Воениот оркестар на Армијата и оркестарот на Националната гарда од Вермонт, САД. Отворениот ден за граѓаните со приказ на операмата од вежбата е закажан за 1 јуни во Кавадарци, а денеска концерт ќе одржат во Скопје.

Денот за високи гости ќе се одржи на 2 јуни кога ќе се реализира вежбата „Засилен пешадиски баталјон во напад“.

Според американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија.

„Преку заеднички обуки, ангажирање во заедницата и соработка со нашите НАТО сојузници, ја зајакнуваме нашата колективна посветеност на мирот и безбедноста. Овие вежби ја подобруваат воената подготвеност и ги зближуваат нашите заедници“, вели Агелер.

Од Американската амбасада во петокот во соопштение посочија дека САД и Северна Македонија продолжуваат да го зајакнуваат своето партнерство во одбраната, образованието, претприемништвото и граѓанското општество, поддржувајќи го институционалниот развој и безбедносните способности на Северна Македонија.

„Двете земји остануваат насочени кон проширување на соработката во енергетиката, одбраната, трговијата и културната размена, обезбедувајќи долгорочен просперитет и безбедност. Брз одговор 2025 е пример за обезбедување мир преку зајакнување на подготвеноста на НАТО и колективната одбрана“, нагласија од Американската амбасада.

Advertisement

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг