Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Онколошки пациенти на средба во ОЈО Скопје за случајот „Онкологија“ – кај 47 досиеја е утврдено несоодветно лекување

by Уредник
26.05.2025
in Uncategorized
По завршување на состанокот во ОЈО Скопје, Ана Марјановиќ, онколошки пациент и член на здружението „Хемаонко“, рече дека во следниот период треба да се исконтактираат семејствата на починатите пациенти во чии истории е утврдено несоодветно лекување, како и пациентите што сè уште се лекуваат

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски, и надлежниот јавен обвинител во предметот „Онкологија“, Ана Гоговска-Јакимовска, денеска остварија средба со Ана Марјановиќ и Ангелика Колева, претставнички на неформалната организација која ги застапува онколошките пациенти, со цел да ги информираат за деталите од поднесените обвиненија против лекари од Клиниката за радиотерапија и онкологија за несовесно лекување пациенти.

Како што се наведува во соопштението од Обвинителството, претставниците на организацијата се информирани дека во текот на истрагата биле прегледани медицинските досиеја на сите онколошки пациенти кои примале биолошка терапија за период од пет години, од 01.01.2018 до крајот на 31.12.2022 година, при што технички советници на истрагата ги издвоиле историите со одредени сомненија за начинот на третирање.

„Од сите прегледани истории, 65 беа издвоени, испратени и анализирани од вештите лица во Словенија и Србија. Словенечките експерти потврдија несоодветно лекување кај 29, а српските кај дополнителни 18 пациенти. Нивните наоди беа основа за поднесените обвиненија“,се вели во соопштението од ОЈО Скопје. 

Јавните обвинители ги информираа претставниците на пациентите дека во следните денови ќе ги контактираат пациентите кај кои вештачењата утврдија пропуст во лекувањето или нивните законски застапници со цел да ги информира и да им укаже на нивните права како оштетени. 

 По завршување на состанокот во ОЈО Скопје, Ана Марјановиќ, онколошки пациент и член на Здружението „Хемаонко“, рече дека во следниот период треба да бидат исконтактирани семејствата на починатите пациенти во чии истории е утврдено несоодветно лекување, како и пациентите кои се уште се лекуваат. 

Посочи дека како онколошки пациенти нема да се откажат од овој случај.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. Како што соопшти на прес-конференција предметната јавна обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска, предметот е поделен на два дела – првиот се однесува на економското работење на Клиниката во кој се опфатени тогашниот медицински директор и организацискиот директор на клиниката, и вториот дел од предметот се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози.

Извор: 360stepeni.mk

Next Post

Битолчанец нападна полицајци среде улица – веднаш приведен!

Голема полициска акција во Скопје: Разбиена мрежа за проституција

Препорачани Вести

„Фајненшл тајмс“: Американски инвеститори сакаат да го оживеат „Северен тек 2“!

11 months ago
Претрес во охридско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Претрес во охридско, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

3 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.