Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Трамп: Нам ни требаат тенкови и вештачка интелигенција, а не маици и патики

by Уредник
26.05.2025
in Uncategorized
Трамп: Нам ни требаат тенкови и вештачка интелигенција, а не маици и патики

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека примарната цел на неговата царинска политика е зајакнување на домашното производство на воена опрема и висока технологија, а не текстилни производи како патики и маици, пренесуваат светските агенции.

Во изјава дадена за новинарите во Њу Џерси, каде што помина поголем дел од викендот, Трамп го поддржа ставот на министерот за финансии, Скот Бесент, кој неодамна рече дека САД немаат потреба од „претерано развиена текстилна индустрија“. Овој коментар предизвика остра реакција од Националниот совет за текстилна индустрија, кој изрази загриженост поради ваквите изјави и царинските мерки.

„Наша цел не е да произведуваме маици и патики. Ние сакаме да произведуваме воена опрема. Сакам да произведуваме големи нешта — вештачка интелигенција, чипови, компјутери, тенкови и бродови“, изјави Трамп, додавајќи дека САД мора да се фокусираат на стратегиски важни индустрии.

Претставници на текстилната индустрија предупредија дека царинската политика негативно влијае врз нивниот сектор, посочувајќи дека дури 97 проценти од облеката и обувките на американскиот пазар се увезуваат.

Во петокот, Трамп повторно ја засили својата реторика за зголемување на увозните давачки, предлагајќи царини од 50 отсто на стоката од Европската унија, кои требаше да стапат на сила на 1 јуни. Сепак, одлуката беше одложена до 9 јули за да се овозможи продолжување на трговските преговори со Брисел, пренесува агенцијата „Reuters“, а цитира „24Sedam“.

Next Post
Кремљ открива детали: Како навистина разговараат Путин и Трамп

Кремљ открива детали: Како навистина разговараат Путин и Трамп

Трамп ги одложи најавените царини од 50% за Европската Унија

Трамп ги одложи најавените царини од 50% за Европската Унија

Препорачани Вести

Дрвокрадец прегази девојче во Чучер Сандево

9 months ago
24-годишна девојка од Велес, осомничена дека извршила серија кривични дела во само пет дена

Разбиена кражба во тетовско – Полицијата со брза интервенција

2 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.