Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Украина под најжесток воздушен напад досега: „Вакава ноќ не паметиме од почетокот на војната“

by Уредник
26.05.2025
in Uncategorized

Украина се соочи со трет воздушен напад од Русија во три дена, но синоќешниот напад беше еден од најинтензивните од почетокот на инвазијата. Според украинските власти, Русија лансирала рекордни 355 дронови и 9 балистички ракети во рок од само неколку часа, додека ден порано бројот на вкупни проектили и дронови достигна 367 – најмногу досега во една ноќ.

Во последните 24 часа, најмалку шест лица ги загубија животите, а 24 се повредени, соопштија украинските регионални власти и итните служби. Зоната околу Киев беше мета на комбиниран напад со дронови и ракети, при што воздушната тревога во главниот град траеше дури шест часа.

Украинските противвоздушни сили тврдат дека успеале да пресретнат сите 9 ракети и 233 дронови, додека дополнителни 55 беспилотни летала биле неутрализирани со електронски мерки или исчезнале од радарите.

Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко реагираше на новиот бран на насилство, повторно осудувајќи го рускиот претседател Владимир Путин. „Тој е целосно луд!“, изјавил Трамп за време на приватна средба со новинари во Вашингтон, алудирајќи на последните напади врз цивилни објекти.

Кремљ, како и досега, ги избегнува директните коментари, инсистирајќи дека Русија спроведува „специјална воена операција“. Сепак, растечката ескалација и масовниот број на напади повторно ја доведуваат во прашање подготвеноста за дипломатски излез од конфликтот.

Украинските власти предупредуваат дека следните денови би можеле да донесат уште поинтензивни напади, додека се зголемува меѓународниот притисок за поостри санкции против Москва.

Next Post

Тајното оружје што го смени текот на војната: Дроновите од АлиЕкспрес станаа најсмртоносната закана за Русија

ВИДЕО: Полицијата на лице место по пукањето во Тетово

Препорачани Вести

Се запали воз во движење на релација Скопје – Гевгелија

8 months ago

Уставниот суд ја одложи подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците поради седумдневната жалост за жртвите од трагедијата во Кочани

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.