Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

„Влен“ им посака добредојде на поранешните соработници на Таравари: Достоинствено застанаа со граѓаните

by Уредник
26.05.2025
in Uncategorized

„Влен“ им посака добредојде и изрази благодарност до поранешните сопартијци на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците кои по несогласувањето со неговите политики им се приклучија и најавија дека ќе продолжат да дејствуваат во рамки на владејачката коалиција

Од „Влен“ за вицепремиерот Арбен Фетаи, ексминистерот Азир Алиу и уште десетици други велат дека избрале достоинствено да застанат таму каде што им е местото: рамо до рамо со граѓаните и дел од проектот за промени.

„Оваа нивна одлука не е само политички став, туку е чин на граѓанска одговорност, вреден придонес во процесот на длабока трансформација во кој заедно започнавме. Во време кога личните интереси и пазарењето зад затворени врати се обидуваа да ја деформираат волјата на 107.000 албански гласачи, овие претставници покажаа дека политичкиот интегритет не може да се купи или отуѓи. Пратеници, министри, директори, високи партиски функционери, раководители на ограноци, раководители на младински форуми и женски форуми, активисти од сите региони јасно и недвосмислено артикулираат дека не се со кланот и планот на Али Ахмети, туку со граѓаните, со надежта и со проектот за промени“, велат од „Влен“.

Додаваат дека вистинската Алијанса за Албанците, која се роди од потребата за фер и достоинствено претставување на Албанците, денес се наоѓа таму каде што природно припаѓа, заедно со „Влен“ и граѓаните кои веруваат во промени.

Таравари викендов почна пресметка со своите неистомисленици, откако најави соработка и со ДУИ на локалните избори, па ги разреши од партиските функции. Тие на прес-конференција јавно застанаа зад „Влен“ и порачаа дека одлуката ја донеле по разговори со голем број сограѓани и дошле до заклучок дека Албанците сакаат продолжување на промената, а не враќање на старото. На пресот беше истакнато дека денешната влада е постабилна од кога било, посветена на реформите и решена за интеграција. Алијансата за Албанците, како што додадоа, има клучна улога во овој процес, и тие нема да се откажат од таа мисија. Кусо по пресот, Таравари излезе со коментар дека се работи за група од 40 луѓе на вицепремиерот Фетаи која чувствува вознемиреност и вина. Ги нарече и анксиозни, по што најави голема победа на изборите.

Next Post

Полицијата почна да приведува за пребрзо возење

Киев тврди: Русија изгубила речиси еден милион војници од почетокот на инвазијата

Киев тврди: Русија изгубила речиси еден милион војници од почетокот на инвазијата

Препорачани Вести

ФФМ отвора дисциплинска постапка против Шкендија поради недолично однесување на навивачите!

10 months ago
Блокот 2 од РЕК Битола од утрово не е во функција, полицијата врши увид поради сомнеж за саботажа

Блокот 2 од РЕК Битола од утрово не е во функција, полицијата врши увид поради сомнеж за саботажа

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.