Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Во грчкиот град Катерини уапсен македонски државјанин кој убил човек во Македонија пред 28 години

by Уредник
26.05.2025
in Uncategorized

Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција.

Согласно судските документи од нашата земја, кривичното дело било извршено во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин.

Сторителот тогаш, наводно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото го нападнал со оружје.

За убиството, една година подоцна бил осуден на 15 години затвор.

АНА-МПА пишува дека уапсениот ќе биде изведен пред обвинител во Солун за да се започне постапката по барањето за негова екстрадиција во земјава.

Next Post
Повторна ерупција на вулканот Килауеа: Лава се издигнува до 305 метри височина

Повторна ерупција на вулканот Килауеа: Лава се издигнува до 305 метри височина

Како на филм: Млад скопјанец попречен во сообраќајот, па насилно го влечеле

Препорачани Вести

Трик со шише вода со кој Германците ги разладуваат своите станови без клима уреди

Трик со шише вода со кој Германците ги разладуваат своите станови без клима уреди

7 months ago
Патник ја откри темната страна на крузерите: “Се е одлично, додека не сфатиш една работа”

Патник ја откри темната страна на крузерите: “Се е одлично, додека не сфатиш една работа”

11 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.