Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Меџити најави револуција: 100 електрични возила за почеток на зелено споделување во Скопје

by Уредник
27.05.2025
in Uncategorized

Сто електрични возила стануваат дел од првиот систем за споделување возила во Скопје, кој ќе започне да функционира од јуни, најави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Проектот е дел од амбициозната зелена транзиција и ќе придонесе за намалување на загадувањето и бучавата, како и за поефикасно урбано планирање.

„Едно возило во систем за кар шеринг заменува 10 до 15 приватни автомобили. Тоа значи помал метеж, помалку потреба од паркинг места и почист воздух. Емисиите на овие возила се нула, а бучавата е речиси незабележлива“, изјави Меџити, додавајќи дека ова е прв чекор кон нов, модерен сообраќаен систем во Скопје и другите градови.

Системот, развиен од компанијата Avant2Go Car-Sharing – Македонија, ќе биде достапен преку апликација, а возилата ќе се изнајмуваат по минута или по километар, со цена што започнува од 149 денари.

Министерот потенцираше и на економските предности за граѓаните: „Овој систем ја намалува потребата за купување второ или трето возило во семејството. Тоа е директна заштеда и чекор напред кон попаметна, поеколошка мобилност.“

Проектот, кој започнува со 100 возила, ќе се шири во сите скопски општини, а потоа и во другите градови низ земјата. Целта е во следните две до три години бројот на возила да достигне 1000, што е оптимално за метрополата.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, додаде дека се прават напори полначите да користат обновливи извори на енергија, а студентите ќе добијат пристап до возилата преку паркинзи кај универзитетите.

Системот не само што е во согласност со Зелената агенда за Западен Балкан, туку директно ги поддржува обврските на Македонија за климатска транзиција во процесот на евроинтеграции.

Next Post

Полициска акција во Скопје - Претреси и апсење

НЕБО ВО БОЈА НА ПОРТОКАЛ Сахарска прашина ја покри Грција, најпогоден е островот Крит

Препорачани Вести

Шкупи во солзи по Лазаров: Тренингот прекинат од тага

10 months ago

Кадровски „ресет“ во СДСМ: Утре се избира новото партиско раководство

1 month ago

Популарни Вести

  • Од Преспа до Гренланд: Каде се движи НАТО – Дали  Македонија плати преголема цена?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина 69-годишен пациент по компликации од грип – здравствените власти апелираат на вакцинација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КОИ СЕ СОПРУЖНИЦИТЕ КОИ СО МЕРЦЕДЕС ПРЕКУ ТАБАНОВЦЕ ГИ ПРЕНЕСОА ВО СРБИЈА САИТ САИТОВ И НЕГОВИОТ ТАТКО? ОЈО покрена обвинение, се бара притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА се подготвува за историски лет: Првиот човечки екипаж кон Месечината по 54 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија оди по чудо против Португалија – вечерва се испишува историјата!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.