Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Путин не прифаќа преговори во Ватикан – откриени главните причини за ова!

by Уредник
27.05.2025
in Uncategorized
Путин не прифаќа преговори во Ватикан – откриени главните причини за ова!

Мирот во Украина можно е да се реши на една од овие пет локации

Москва не го смета Ватикан за соодветна локација за евентуални мировни преговори со Украина, пред сè поради неговата симболична и геополитичка поставеност, пренесуваат три извори блиски до руската администрација за агенцијата Ројтерс.

Според овие извори, Ватикан, како седиште на Католичката црква и енклава во рамките на Италија – членка на НАТО и Европската Унија – не се перцепира како неутрален терен. Дополнително, многу високи руски функционери, поради западните санкции, немаат можност ни да патуваат таму.

Иако Ватикан сè уште не се изјаснил јавно по однос на предлогот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој по телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин предложил Светиот Престол, предводен од папата Лав XIV, да биде домаќин на мировните преговори, Русија го отфрла тој концепт.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони неодамна изјави дека папата, првиот роден во САД, изразил подготвеност да биде посредник во процесот за ставање крај на најсмртоносниот конфликт во Европа по Втората светска војна.

Но, како што наведува еден висок извор од Кремљ, кој инсистирал на анонимност поради чувствителноста на темата:

„Русија дефинитивно не го доживува Ватикан како релевантна геополитичка сила способна да посредува во разрешување на ваков комплексен судир.“

Меѓу причините за оваа позиција се наведуваат и верските разлики – Русија и Украина се претежно православни земји – како и географскиот и политички контекст на Ватикан, кој е опкружен со Италија, земја која отворено ја поддржува Украина и во повеќе наврати спроведе санкции против Москва.

Дополнителна пречка се и практичните аспекти – прекинатите директни летови меѓу Русија и земјите на Европската Унија од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година, како и санкциите кои го отежнуваат патувањето на високите руски претставници.

Во таа насока, руските извори како поизгледни локации за евентуални мировни разговори ги посочуваат: Турција, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Катар и Оман.

Претседателот Путин во повеќе наврати ги фалеше заливските држави и Анкара за нивните обиди да посредуваат во наоѓањето дипломатско решение за конфликтот со Киев.

Кремљ засега не донел конечна одлука, ниту пак понудил официјален став по однос на идејата за Ватикан како можно место за преговори.

Next Post
Судот пресуди: Сулејман Велинчествениот оди во затвор – народот бесен поради причините за одлуката!

Судот пресуди: Сулејман Велинчествениот оди во затвор - народот бесен поради причините за одлуката!

Силен земјотрес ја погоди Грција – Страв од можни нови потреси

Силен земјотрес ја погоди Грција – Страв од можни нови потреси

Препорачани Вести

Трамп потврди: Мадуро е уапсен!

2 weeks ago

Во Скопје уапсен Русин – Ова се причините

4 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.