Connect with us

Македонија

КНИГИ НА МИСИРКОВ, ПУЛЕВСКИ, КОНЕСКИ… БИЛЕ УНИШТЕНИ СО ХАКЕРСКИ НАПАДИ ВРЗ МАНУ Најважните стари книги за македонскиот јазик повторно се на интернет

Опфатени се сите речници, дигитални карти со текстуални записи, аудиоснимки од македонските дијалекти, трудови на странски слависти кои го проучувале македонскиот јазик и неговите дијалекти, уште од крајот на 19 век, дела за историскиот развој и граматики на македонскиот јазик, електронски верзии од едицијата 135 тома македонска книжевност, библиографија и слободен софтвер за пребарување на базата. 

Стотина изданија – монографии и зборници за македонскиот стандарден и дијалектен јазик, збирки стари текстови, речници, меѓу кои Тријазичникот на Ѓорѓија Пулевски, книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков, Абецедарот објавен пред сто години во Атина – се достапни во електронска форма на веб-порталот Дигитални ресурси на македонскиот јазик, креиран од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) при МАНУ.

Веб-порталот беше презентиран денеска во МАНУ, во рамки на промоцијата на „Македонски дијалектен атлас (од ризницата на картотеката лексички материјали)“.

Давор Јанкулоски од ИЦАЛ рече дека веб-порталот е централизирана дигитална платформа која обединува значителен број лингвистички ресурси поврзани со македонскиот јазик. Опфатени се сите речници, дигитални карти со текстуални записи, аудиоснимки од македонските дијалекти, трудови на странски слависти кои го проучувале македонскиот јазик и неговите дијалекти, уште од крајот на 19 век, дела за историскиот развој и граматики на македонскиот јазик, електронски верзии од едицијата 135 тома македонска книжевност, библиографија и слободен софтвер за пребарување на базата.

Јанкулоски посочи дека дигитализацијата на лингвистичките материјали во ИЦАЛ е почната во 2008 на иницијатива на академик Марјан Марковиќ, и најпрво биле дигитализирани и ставени на интернет стари и ретки книги. Рече дека базата се пребарува брзо и лесно и, по честите хакерски напади, сега е стабилизирана и безбедна со тоа што загубениот материјал е обновен од хард дисковите.

– Базата години наназад беше цел на хакерски напади, но денес е целосно стабилизирана, безбедна и континуирано се збогатува. Од нејзиното објавување до денес пристапиле повеќе од 65.000 корисници – соопшти Јанкулоски.

Академик Марјан Марковиќ очекува дека веб-порталот каде што се најважните книги за македонскиот јазик ќе продолжи да функционира без проблеми откако, како што рече, „последните месеци МАНУ се соочуваше со големи хакерски напади на страницата, особено Дигиталните ресурси на македонскиот јазик“.

– Додека имаше можности сето тоа се обновуваше, но при последните такви посилни напади беа токму најважните стари книги за македонскиот јазик, како Мисирков и Пулевски, беа трајно одземени и уништени. Исто така и од фондот на Конески – Граматиката, Историјата, поезиите… Може да кажеме дека имаше некаква цел токму тие најважни книги да бидат уништени. Јас не можам да апелирам МАНУ да вработи информатичар, тоа е исто како да побара астронаут да биде примен. Претседателството се обидува на разни начини и поентата е дека успеавме од тоа што ги имавме на тврди дискови да обновиме и да го поставиме на надворешен сервер, комерцијален, но сепак да си стои сето тоа во МАНУ – рече Марковиќ.

Advertisement

Македонија

Црвениот Geely Coolray и Дедо Мраз донесоа новогодишна магија

Градинките „Калинка“ и „Црвенкапа“ беа исполнети со смеа, детска радост и празнична магија, Дедо Мраз пристигна со стил со црвениот Geely Coolray, носејќи подароци и безброј насмевки.

Дечињата со возбудени погледи и со гласни поздрави го пречекаа својот гостин како пристигнува со црвениот Geely Coolray. Љубопитни и искрени, дечињата го пофалија црвеното возило на Дедо Мраз – Geely Coolray, кое стана дел од нивната празнична приказна.

Следуваше вистинска новогодишна дружба, дечињата од градинките добија новогодишни пакетчиња, пееја песни, се смееја, се фотографираа и создаваа спомени кои ќе ги паметат долго.

Continue Reading

Македонија

Продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во „Пулс“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се очекува ново рочиште за трагичниот пожар што ја погоди дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На дневен ред се воведните зборови на одбраната на Александар Нацев, кого обвинителството го смета за неформален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, како и на правните лица „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани и „Рубикон секјурити солушнс“.

На претходното рочиште обвинителот Борче Јанев потенцираше дека судењето е повеќе од обид за казнување – тоа е чекор кон јавното соочување со институционалната одговорност. „Пожарот не е само последица на пиротехника, туку резултат на години системски пропусти, молчење и недостаток на контрола“, рече Јанев, додавајќи дека клубот бил претворен во „смртоносна стапица“.

Сите обвинети досега негираа вина за „тешки дела против општата сигурност“. Дел од нив преку адвокатите изразија сочувство до семејствата на жртвите, но упорно тврдеа дека трагедијата е последица на институционални пропусти, а не нивна лична одговорност.

Сопственикот на клубот, Дејан Јованов, кој девет месеци е во притвор, рече дека сè уште не може да поверува во трагедијата и дека никогаш не би дозволил небезбедни услови во клубот. Неговиот син Михаил Јованов тврди дека против него нема докази. Одбраните на другите обвинети – вклучително поранешни функционери и инспектори – посочија дека постапувале согласно законот и дека немале надлежност или можност да го спречат пожарот.

Според обвинението, дискотеката „Пулс“ со години работела незаконски – со над дозволениот број посетители, без соодветни дозволи и без систем за противпожарна заштита. Пожарот, кој избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“, се претвори во најсмртоносната трагедија од ваков вид во земјата, оставајќи длабоки рани кај семејствата на жртвите и во целото општество.

Continue Reading

Македонија

Силни врнежи од дожд и снег го најавуваат вистинското зимско време за празниците

Денеска Македонија е под влијание на нестабилна временска прогноза. Облачното небо ќе донесе повремени врнежи од дожд, особено во источните делови каде се очекуваат пообилни количини, локално над 25 литри на метар квадратен. Планинските предели ќе бидат побелени со снег, а слаб до умерен јужен ветер ќе го движи воздухот.

Во Скопје денот ќе биде облачен, со повремени дождови и слаб југоисточен ветер.

Утре времето ќе биде променливо облачно, со локални врнежи, најчесто во источните региони. На повисоките места и планините дождот ќе се претвора во снег. Попладне времето ќе се стабилизира, а ветерот ќе се смени во слаб до умерен северен. Главниот град ќе го доживее утрото со краткотраен дожд, но подоцна облаците ќе се расчистат.

Скијачките центри веќе се покриени со снежна покривка, која ќе се зголемува во наредните денови благодарение на врнежите од снег. Метеоролозите предупредуваат дека околу и по Нова година Балканот и Македонија ќе бидат зафатени од вистинска зимска офанзива – пообилен снег, пониски температури и вистински зимски услови за сите љубители на студените денови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг