Connect with us

Црна Хроника

Криминална мрежа разоткриена: Приведени 39 дилери, запленета дрога, оружје и муниција во четири града!

Во текот на месец мај на подрачјето на Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод, биле приведени 39 лица поврзани со недозволена трговија со дрога и оружје. При акциите биле запленети различни видови наркотични и психотропни супстанции, како и огнено оружје и муниција од различен калибар. Како што информираат од СВР Битола, заплената вклучува марихуана, кристална и прашкаста материја, шприцеви со течност, дигитални ваги, како и пушки и пиштоли.

„СВР Битола само последниот месец мај во Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод лиши од слобода 39 лица, истите дилери на дрога и оружје и заплени поголемо количество на дрога и психотропни супстанции (марихуана, семки од канабис, шишиња и шприцеви со течност, габична материја, грутчеста материја, прашкаста материја, паковки со кристална материја , дигитални ваги, предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја како и пронајде различна количина огнено оружје (пушки, пиштоли, и муниција различен калибар). 

Притоа, извршени беа 9 претреси во куќи и станови и тоа по чл.215 „Недозволена трговија со дрога и психотропни супстанции” извршени беа 3 претреси и по чл. 396 „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” извршени беа 6 претреси како и 7 преглед на лица и 6 патнички моторни возила при што одредени беа два притвори во траење од 30 дена. При преземање на мерки и активности за откривање на овој тип на кривични дела односно при преглед затекнати со дрога беа тројца малолетници на подрачје на Битола и два странски државјани на подрачје на Демир Хисар. Полициски службеници од СВР Битола продолжуваат со преземање на интензивни мерки и активности во откривање и реализација на кривични дела во борбата со недозволената трговија со дрога и оружје како и секаков вид на криминал на подрачјето на СВР Битола“, вели портпаролката Сања Стаматова од МВР.

Advertisement

Црна Хроника

Кривични пријави за врвот на ОФС Охрид: Лажни податоци и фиктивни натпревари за позиционирање во ФФМ

СВР Охрид поднесе кривични пријави против двајца функционери на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид, поради основано сомнение за фалсификување документи и измама со цел стекнување влијание во Фудбалската федерација на Македонија.

Според информациите од полицијата, Ц.М. и Н.Ц., кои во 2024 година ја извршувале функцијата претседател и секретар на ОФС Охрид, во повеќе наврати внеле лажни и неточни податоци во информацискиот систем „Комет“ на ФФМ. Во системот биле евидентирани натпревари кои никогаш не биле одиграни, како и лица прикажани како играчи и судии, иако тие немале регистрација и не ги исполнувале условите за учество.

Со ваквите дејствија, како што наведува СВР Охрид, пријавените се обиделе да прикажат дека се исполнети критериумите за ОФС Охрид да добие свои претставници во органите и телата на ФФМ.

Против двајцата функционери се поднесени кривични пријави за кривичните дела фалсификување исправа и измама, а случајот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошно постапување.

Continue Reading

Црна Хроника

Апсење на граничниот премин Табановце – МВР со детали

59-годишен скопјанец доби кривична пријава поради фалсификување дипломатска исправа и лажно претставување на Граничниот премин Табановце.

Според полицијата, Регионалниот центар за гранични работи Север поднел кривична пријава против С.С. од Скопје, откако постојат основи за сомнение дека сторил кривични дела „фалсификување исправа“ и „лажно претставување“.

Инцидентот се случил на 25 јули 2025 година, кога мажот управувајќи „фолксваген голф“ се претставил како дипломат и приложил фалсификувана дипломатска патна исправа. Граничните службеници го документирале случајот, а по разгледувањето на доказите, С.С. се соочува со официјална кривична пријава и натамошни правни постапки.

Случајот ја потенцира сериозноста на законите за граничен надзор и ризикот од лажно претставување, особено со употреба на документи со висок легален и дипломатски статус.

Continue Reading

Црна Хроника

Тетовец измамен за 3.000 евра од жена што се претставила како Бугарка

Еден 67-годишен маж од тетовско село останал без 3.000 евра откако бил измамен преку социјалните мрежи од жена која се претставувала како државјанка на Бугарија.

Според пријавата во СВР Тетово, мажот подолг период комуницирал со жената онлајн. На 20 декември таа му рекла дека има намера да купи стан во Тетово, а неколку часа подоцна се јавила вознемирена, тврдејќи дека на граничен премин ѝ биле одземени 10.000 евра.

Скоро веднаш, мажот добил повик од лице што се претставило како командир на граничен премин и му соопштило дека парите ќе ѝ бидат вратени доколку плати „казна“ од 3.000 евра. Верувајќи дека ѝ помага, тој уплатил сума преку три различни агенции за брз трансфер. По уплатата, обидите да стапи во контакт со жената и со наводниот командир биле безуспешни, што го натерало да сфати дека станува збор за измама.

Полицијата соопшти дека презема мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг