Sunday, December 28, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски повика на национално единство за европска резолуција за македонскиот јазик и идентитет

by
2025/05/28 14:29:30
in Uncategorized
Шпанскиот амбасадор во земјава: Премиерот Мицкоски е пример за едноставност, на аеродром чекаше ред како сите други патници

Премиерот Христијан Мицкоски упати јавен повик до опозицијата за национално единство со цел да се обезбеди поддршка од европратениците за усвојување на резолуција во Европскиот парламент со која ќе се признае посебниот македонски идентитет и јазик.

„Посебниот меѓувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик е факт и секој оној кој ги негира и одбива да ги прифати е анти-НАТО и анти-ЕУ“, порача Мицкоски на прес-конференција во Владата. Тој додаде дека сите европратеници кои нема да гласаат за оваа резолуција се спротивставуваат на европските вредности како што ги дефинирале Аденауер, Шуман и Де Гаспери.

Изјавата на премиерот доаѓа во пресрет на очекуваното усвојување на извештајот за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ, во кој, според најавите, на четири места ќе биде експлицитно признаен македонскиот идентитет и јазик. Ова ќе биде вториот документ од европско законодавно тело по резолуцијата на германскиот Бундестаг од јуни 2023 година што го признава македонскиот идентитет.

Мицкоски нагласи дека вакво признание за првпат ќе биде содржано во официјален извештај на Европскиот парламент и очекува тој да биде усвоен едногласно. Потсети дека годинава се одбележуваат 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, којшто е официјален јазик на Обединетите нации од 1977 година.

Осврнувајќи се на реакциите од источните соседи, премиерот рече: „Повторно од Исток стигнуваат поинакви коментари и гласови. Но, да видиме како целата оваа работа ќе заврши.“

Тој ја повтори поканата за обединување, првпат упатена за време на одбележувањето на Денот на светите браќа Кирил и Методиј, и ги повика опозициските партии, посебно СДСМ и ЛДП, да стапат во контакт со своите сестрински партии во ЕП за да обезбедат поддршка за резолуцијата.

Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе подготви стратегија и ќе испрати претставници во Брисел за директни разговори со европратениците. Според неговите информации, расправата за резолуцијата треба да се одржи на 4 јуни, а гласањето се очекува во јули.

Бугарските медиуми пренесоа дека ова е првпат Европскиот парламент да признае јазик и идентитет што Мицкоски ги нарекува „вековни“, а признанието било постигнато благодарение на консензусот меѓу главниот известувач Томас Вајц и другите седум известувачи „во сенка“ во рамки на ЕП.

Next Post

Ќе се носи Закон со кој околината на Собранието ќе се прогласи за безбедносна зона

Хирург-монструм доби 20 години затвор: Сексуално злоупотребил 299 пациенти, најголем број деца

Препорачани Вести

Доктор открива: Оваа намирница го намалува крвниот притисок, штити од мозочен, но и срцев удар

Доктор открива: Оваа намирница го намалува крвниот притисок, штити од мозочен, но и срцев удар

8 months ago

Голо Брдо останува изолирано, жителите бараат државна поддршка за патот Вичиште – Острен

4 months ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ: Вучиќ работи 22 часа дневно за да го одржи мирот во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хороскоп за недела (28 декември): Енергија, инспирација и можности за овие знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невзат Бејта пред граѓаните: Гостивар заслужува развој и одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Во Грција има и добри вести: преубава изведба на една македонска песна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карни: Канада со нов пакет поддршка од 2,5 милијарди долари за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.