Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Русија ѝ предлага на Украина состанок на 2-ри јуни во Истанбул каде ќе ѝ го предаде својот меморандум за постигнување мир

by Уредник
28.05.2025
in Uncategorized

Руската делегација предводена од помошникот на претседателот Владимир Медински е подготвена да ѝ го претстави на Украина меморандум од Русија за сите аспекти на надминување на основните причини за конфликтот на 2-ри јуни во Истанбул, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Руската страна, како што е договорено, брзо разви соодветен меморандум, во кој се утврдува нашата позиција за сите аспекти на сигурно надминување на основните причини за кризата. Нашата делегација предводена од Владимир Медински е подготвена да ѝ го достави овој меморандум на украинската делегација и да ги даде потребните објаснувања за време на втората рунда од обновените директни разговори во Истанбул следниот понеделник, 2-ри јуни“, истакна тој.

Лавров, исто така, изрази благодарност до турските партнери за обезбедувањето гостопримлива турска платформа, како што потврди вчера турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан за време на неговата посета на Москва.

„Очекуваме дека сите оние кои се искрено, а не само со зборови, заинтересирани за успехот на мировниот процес, ќе поддржат одржување на нова рунда директни руско-украински разговори во Истанбул“, нагласи министерот.

Претходно во средата, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот дневен брифинг со новинарите изјави дека работата на рускиот нацрт-меморандум за постигнување мир во Украина е завршена. Меѓутоа, истакна дека Кремљ нема да разговара за содржината на документите за Украина преку медиумите, за кои сè уште не е постигната согласност.

На 16-ти мај, во Истанбул се одржаа директни разговори меѓу делегациите на Русија и Украина првпат по март 2022 година, кога според многу извори бил веќе постигнат договор од кој подоцна Киев се повлече по инсистирање на поранешни челници на неговите западни сојузници.

По минатиот состанок во Истанбул, Москва и Киев се согласија да разменат затвореници според формулата „илјада за илјада“, да ја презентираат својата визија за евентуален ид3н прекин на огнот, детално образложувајќи го, и да го продолжат процесот на преговори.

Шефот на руската преговарачка делегација уште од почетокот на војната, Медински, кој е инаку помошник на претседателот Владимир Путин, изјави тогаш дека руската страна е задоволна од исходот од состанокот. Исто така, рече дека Украина побарала директни разговори меѓу челниците на државите, а Москва го зела „во предвид ова барање“. Меѓутоа, според руската дипломатска практика, таква средба може да се оствари на финализирање откако веќе ќе биде постигнат договор меѓу овластените преговарачки делегации.

Next Post

Пуштени во продажба влезниците за квалификацискиот дуел за СП 2026 со Белгија

По бразата пруга возот ќе се движи со 160км на час

Препорачани Вести

Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори 14 отсто, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите

Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори 14 отсто, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите

11 months ago

Германија најави ново оружје за Украина финансирано со средства од замрзнат руски имот

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.