Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

СКОПЈАНИ ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА САБОТА Без вода до 15 часа, познати се засегнатите населби

by Уредник
28.05.2025
in Uncategorized
Во рамки на подготовките, биле извршени проверки на воздушните вентили, испустите и хидрантите, по што осум екипи од секторот Водовод ќе го спроведат процесот на сигурно празнење и полнење на системот.

Жителите на повеќе скопски населби ќе се соочат со делумен прекин на водоснабдувањето во сабота, 31 мај, од полноќ па натаму, поради поврзување на главниот магистрален водовод, информираат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Засегнати ќе бидат населените места Визбегово, булевар Босна и Херцеговина, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, високата зона на Железара и Бутел 1.

„Планираните активности ќе започнат на полноќ и се очекува да завршат за помалку од 15 часа. Најголем дел од времето ќе биде потребен за празнење и повторно полнење на системот“, се наведува во соопштението.

Според ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ќе се изврши монтажа на игличест регулационен вентил и ќе се поврзат постоечкиот магистрален цевковод од 1600 мм кај Железара со цевководот од 700 мм на булеварот  Александар Македонски. Врската ќе се воспостави преку новоизградениот магистрален цевковод што се протега долж булеварот Хрватска.

„Со ова ќе се создадат услови за формирање на циркуларен прстен меѓу двата главни цевководи во градот, што ќе овозможи подобрување на водоснабдувањето, стабилен притисок и намалување на загубите“, информираат од претпријатието.

Во рамки на подготовките, биле извршени проверки на воздушните вентили, испустите и хидрантите, по што осум екипи од секторот Водовод ќе го спроведат процесот на сигурно празнење и полнење на системот.

Next Post

ПРЕПОЛНА САЛА СО 6.000 СКОПЈАНИ, А ГРЦИ САМО 200 Грчки АЕК бара нов термин за финалето, тврдат дека Алкалоид ги прекршил правилата

Меџити: „One Stop Shop“ во Јажинце е чекор кон интегриран Балкан

Препорачани Вести

ДВОЈНО УБИСТВО ВО БАБУШНИЦА: ТАТКО И СИН МРТВИ, МАЈКАТА И ВТОРИОТ СИН ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ

2 months ago
Финска предупредува на зголемена руска воена активност во Балтичкото Море

Финска предупредува на зголемена руска воена активност во Балтичкото Море

8 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.