Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Средба Сиљановска Давкова-Токаев: Изразена подготвеност за унапредување на севкупните односи меѓу Македонија и Казахстан

by Уредник
28.05.2025
in Uncategorized

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев во резиденцијата „Акорда“ во Астана, на која што се разговараше за севкупниот развој на односите меѓу двете држави кои се кооперативни и пријателски.

Укажувајќи на можностите за инвестирање што ги нуди земјава и на важноста на мултиполарниот свет, претседателката ја истакна подготвеноста од македонска страна за натамошен развој и продлабочување на билатералните односи.

Повика на интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, која е релативно мала, со дефицит на македонска страна. Како што Казахстан е мостот меѓу Азија и Европа, така ние можеме да бидеме мостот со Централна и Источна Европа заради нашата положба, посочи претседателката по средбата.

Домаќинот, претседателот Токаев, нагласи дека Казахстан е заинтересиран за развој на сеопфатно партнерство со државава и рече „ја сметаме вашата земја како доверлив партнер на Балканскиот полуостров“.

Ја истакна важноста од натамошно продлабочување на економските односи и зголемување на трговската размена преку конкретни чекори, како што се директни средби меѓу компании од двете земји и воспоставување на казахстанско-македонски економски совет.

Сиљановска-Давкова ја поздрави успешната соработка на Казахстан со Европската Унија, која е на врвот на листата на нејзини трговски партнери, особено имајќи ги предвид македонските аспирации за полноправно членство во европското семејство.

Посочи дека во денешната сложена геополитичка средина, интеграцијата на нашиот регион во ЕУ е клучна за обезбедување на мирна и безбедна иднина. Таа нагласи дека поради тоа е важно Западен Балкан да има јасна перспектива за членство во ЕУ, не само за нашата сопствена благосостојба и напредок, туку и за пошироката стабилност и безбедност на Европа.

Во контекст на значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, претседателката изрази интерес за размена на официјални посети на највисоко ниво.

Next Post

Наместо мигранти кои ќе чекаат азил, во Албанија пристигнаа мигранти на кои им е одбиен азил во Италија

Трамп се двоуми околу воведувањето нови санкции против Русија

Препорачани Вести

zatvor

ВИДЕО I Колачи за паднат шеќер, а во нив мобилен да се чуе со тато – вака Васил Јованов го добил телефонот во Шутка

12 months ago

Кривична пријава за седум врботени во Центарот за социјални работи во Тетово

11 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.