Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

За првпат по пожарот во Кочани, Ана застана на сцената: Ќе си го стегнеш срцето и ќе си го пуштиш гласот, таков е животот на музичарите!

by Уредник
28.05.2025
in Uncategorized
За првпат по пожарот во Кочани, Ана застана на сцената: Ќе си го стегнеш срцето и ќе си го пуштиш гласот, таков е животот на музичарите!

Синоќа на градскиот плоштад во Валандово се одржа музичка вечер во склоп на фолк фестивалот Валандово, на која настапија Каролина Гочева, Тајзи и Ике де Кока. Настанот кој првично требаше да се одржи во саботата, беше поместен за синоќа, поради неповолните временски услови, а како пријатно изненадување за публиката беше појавувањето на сцената на Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, која успеа да се спаси во трагичниот пожар во Кочани.

Ова е прво јавно појавување на Костадиновска на сцената по трагедијата од 16-ти март, во која животот го изгубија осум члена од тимот на бендот, односно загинаа 62 младинци. Помеѓу загинатите беше и Сара Пројковска, со која Ана ја делеше сцената околу две децении, и заедно настапуваа како придружни вокали на многу домашни музички ѕвезди, како и на бројни популарни музички настани.

Со својата енергија, талент и професионалност, тие двете секогаш восхитуваа.

Вчерашното враќање на бината, кога пееше придружен вокал на Каролина, јавноста и голем број на нејзини колеги го дочекаа со поддршка и со пораки дека и се восхитуваат на силата која ја собрала во тешките моменти.

-Многу добро ја разбираме и и симнуваме капа на професионалноста. Кога ќе се запалат рефлекторите на бината, и кога сите погледи се вперени во тебе, ти мора да си ја завршиш работата професионално, да си ги оставиш емоциите на страна.

Речиси да нема некој од естрадата кој не доживеал нешто слично, кога му се случувале трагедии и лоши настани, загуби на блиски лица, а едноставно мора да пееш, тоа ти е работа. Познато ми е чувството, јас пеев на закажани настапи во период додека мајка ми ја губеше битката со тешка болест, но и во тие моменти ми кажуваше дека не смеам да откажам настап. Ќе си го стегнеш срцето и ќе си го пуштиш гласот…

Се надеваме дека и Панчо со тек на време ќе најде сили и ќе го продолжи музичкиот пат, ни раскажа наша фолк пејачка, со порака дека цела естрада стои зад Ана и и праќа најдобри желби.

Инаку, Ана целиот живот е со музиката. Ќерка е на легендарниот композитор Кире Костов, кој почина пред две години, а нејзина мајка е професорката по пијано, Кармен Костова.

Токму поради трагедијата, беше одложен априлскиот концерт во чест на нејзиниот татко. Истиот ќе се одржи во НОБ во септември, и ќе настапат познати имиња од домашната музичка сцена.

Next Post
Обвинение за Штекли и неговата група за продажба на кокаин и марихуана

Обвинение за Штекли и неговата група за продажба на кокаин и марихуана

Уапсени двајца скопјани, краделе од црква?!

Уапсени двајца скопјани, краделе од црква?!

Препорачани Вести

Трамп го изгуби трпението со Путин: Американците му дадоа три дена рок на рускиот претседател

Трамп го изгуби трпението со Путин: Американците му дадоа три дена рок на рускиот претседател

10 months ago

МВР со апел и важни информации за граѓаните

10 months ago

Популарни Вести

  • Меџити: Влада со Бадентер не ги фаворизира Албанците, потребна е подлабока анализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Кон крајот на месец март се очекува реконструкција на Владата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Булеварот „Цветан Димов“ ќе се гради, ниту еден деловен објект нема да биде урнат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничните премини и понатаму под блокада: Решението од ЕК се очекува денес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити во „Click Plus“: Редот во сообраќајот значи спасени животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.