Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

MSMT: Русија испорача противвоздушен ракетен систен на Северна Кореја

by Уредник
29.05.2025
in Uncategorized

Русија ја снабдува Северна Кореја со напредна воена технологија од крајот на минатата година, се тврди во извештајот на Мултирателарниот тим за следње санкции (MSMT), објавен во четвртокот во кој не се дадени докази.

Се вели дека Москва испорачала најмалку еден мобилен противвоздушен ракетен систем „Панцир“. Со тоа, ги крши постојните санкции на Обединетите нации, кои воведуваат ембарго за оружје на Северна Кореја, се наведува во соопштението.

Неформалното тело MSMT беше основан во октомври минатата година на иницијатива на Јужна Кореја и САД како организација за следење на санкциите против Северна Кореја, откако надлежниот експертски панел на ОН мораше да се распушти поради руско вето.

Вкупно 11 земји се приклучија на иницијативата, сојузницина САД, вклучувајќи ги Германија, Франција, Јапонија и Канада кои се приклучија и на западните антируски санкции. Извештајот на MSMT се базира на наводни разузнавачки информации од земјите-членки.

„Руската воена технологија очигледно ѝ била обезбедена на Северна Кореја во замена за нејзината воена поддршка за Русија во војната во Украина. Според информациите од Сеул, Северна Кореја испратила најмалку 11.000 севернокорејски војници во рускиот регион Курск од крајот на минатата година“, се тврди натаму во извештајот.

Во февруари, јужнокорејските разузнавачки служби изразија сомневање за втор бран на мобилизација на севернокорејските трупи, што би регрутирало дополнителни 3.000 војници, кои на тој начин добиваат борбено искуство на теренот. Северна Кореја, исто така, испорачала муниција и артилерија на Русија.

Next Post

Приходите на сопственикот на Temu намалени во првиот квартал

Граѓаните на еврозоната повторно сигнализираат за зголемување на инфлацијата

Препорачани Вести

Седум македонски бизнисмени на листата на 100-те најбогати во регионот за 2025 година

1 day ago

Швајцарски претседател за трагедијата во Кран-Монтана: „Драма од невидени размери“

4 weeks ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.