Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Муцунски во Вашингтон: Средба со американскиот државен секретар Марко Рубио и заложба за продлабочено стратешко партнерство

by Уредник
29.05.2025
in Uncategorized

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на САД, Марко Рубио. Средбата е дел од неговата работна посета на Соединетите Американски Држави, со фокус на унапредување на стратешките односи меѓу двете земји.

Муцунски ја нагласи посветеноста на македонската влада кон институционализација на стратешкото партнерство преку спроведување на заеднички Акционен план. Тој ја истакна важноста на заедничките вредности и долгогодишното пријателство со САД, како темел за унапредување на политичкиот дијалог и соработката во повеќе сектори.

Меѓу клучните теми на разговор беа економските односи, со акцент на намалување на тарифите и иницирање процес за потпишување Договор за слободна трговија. Муцунски ја реафирмираше отвореноста на македонската влада за привлекување американски инвестиции и зголемено присуство на американски компании во земјата.

Во делот за безбедносната соработка во рамки на НАТО, министерот подвлече дека Македонија останува кредибилен сојузник, со инвестиции над 2% од БДП во одбранбениот сектор. Регионалната стабилност и развојот на Западен Балкан, исто така, беа во фокусот на разговорите.

Муцунски изрази благодарност за континуираната американска поддршка и увери дека стратешкото партнерство меѓу двете земји ќе продолжи да се развива со засилена динамика и конкретни резултати.

Next Post
Трамп му постави рок на Путин: Две недели за да покаже дали навистина сака крај на војната

Трамп му постави рок на Путин: Две недели за да покаже дали навистина сака крај на војната

„Haribo“ ги повлекува познатите бонбони – пронајдена марихуана во пакувањата

„Haribo“ ги повлекува познатите бонбони – пронајдена марихуана во пакувањата

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за среда – 7 мај: Оваа среда ќе биде среќна за овие хороскопски знаци

Дневен хороскоп за четврток – 21 август: Огромни предизвици и финансиски потешкотии за три хороскопски знаци!

5 months ago
Бил Клинтон: „Нетанјаху одамна сака војна со Иран за да може остане на власт засекогаш“

Бил Клинтон: „Нетанјаху одамна сака војна со Иран за да може остане на власт засекогаш“

7 months ago

Популарни Вести

  • Смртна казна за мито: Кина егзекутира поранешен директор

    11 членови на семејна криминална група погубени во Кина поради интернет измами од 1,4 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ бара алтернативи на американскиот гас по заканите на Трамп за Гренланд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп разгледува можни воени акции против Иран ако не се остварат преговорите за нуклеарната програма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Донаторска уметничка вечер го најавува почетокот на фондацијата „Фросина Кулакова“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нестабилно облачно време, локален дожд и снег на повисоките предели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.