Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

ОПШТИНА БИТОЛА НАСКОРО ЌЕ ОБЈАВИ КОНКУРС ЗА ИДЕЈНО АРХИТЕКТОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА СПОРТСКО РЕКРЕАТИВНА ЗОНА НА ПРОСТОРОТ НА ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА

by Уредник
29.05.2025
in Uncategorized

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и советникот Бојан Бојкоски, денес остварија работна средба со советничката во Советот на Општина Битола, Д-р Анастасија Трајковска, во врска со нејзиниот предлог проект за објавување на Конкурс за идејно архитектонско решение за спортско рекреативна зона на просторот на поранешната касарна, односно во делот на АРМ Четврт 2, во близина на новата детска градинка. Предлогот кој беше усвоен од страна на Советот на Општина Битола, денес од стручен аспект, советничката Трајковска, детално го образложи, пред градоначалникот Коњановски, нагласувајќи дека ова решение треба да содржи спортски игралишта за фудбал, кошарка, тенис, одбојка, фудбалско игралиште по стандарди на УЕФА за тренинг камп, соблекувални, мини детски паркови, пропратни содржини, како кафетерии и мини ресторани, што ќе значи вистинско спортско рекреативно збогатување на овој дел од АРМ. Со својата експертиза, советничката Трајковска, како дипломиран инжинер архитект, даде важни насоки, кои ја истакнуваат значајноста и функционалната важност на овој проект.

Градоначалникот Коњановски и советникот Бојан Бојкоски, нагласија дека станува збор за многу добра идеја, која прво треба да донесе избор на најдоброто архитектонско решение кое потоа ќе резултира на терен со успешен проект во интерес на битолчани.

Коњановски потенцираше дека, проектот за објавување на Конкурс за Идејно архитектонско решение за рекреативна зона со намена Д3 во АРМ Четврт 2 е дел од Програмата за економски развој, за истиот веќе се обезбедени средства и по завршувањето на подготовката на потребната документација од страна на општинската администрација, во месец јуни ќе биде објавена постапка за јавна набавка.

Next Post

НА РАСПОЛАГАЊЕ СЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Досега исплатени се 11,2 милиони денари

Мицкоски ја повика опозицијата заедно да изгласаат една изборна единица во која ќе гласа и дијаспората

Препорачани Вести

Скопје за сите генерации – мерки на Ѓорѓиевски за пензионерите и лицата со попреченост

3 months ago

Ѓорѓиевски: Со заеднички напори ќе изградиме иднина каде младите ќе сакаат да останат во Македонија

10 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.