На 28.05.2025 година во 21.20 часот полициски службеници од СВР-Тетово во трговски центар на улица ,,Маршал Тито“ во Тетово го лишиле од слобода М.К.(37) од с.Неготино, кај кого била пронајдена и одземана кеса со бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.









