Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Приходите на сопственикот на Temu намалени во првиот квартал

by Уредник
29.05.2025
in Uncategorized

Кинеската компанија за е-трговија „PDD Holdings“, сопственик на онлајн платформата Temu, објави во вторникот помал раст на приходите во првиот квартал, во услови на жестока конкуренција на домашниот пазар и трговски ограничувања во странство.

Приходите на матичната компанија на Temu во првите месеци од оваа година изнесуваа 95,67 милијарди јуани (13,30 милијарди долари), што е зголемување од 10 отсто во однос на истиот период минатата година. За споредба, во четвртиот квартал од 2024 година скокнаа за 24 отсто на 110,6 милијарди јуани.

Нето добивката во првиот квартал од оваа година изнесуваше 14,74 милијарди јуани, што е речиси половина од износот од минатата година.

Трговците на мало во Кина ги намалуваат цените, а владата се обидува да го поттикне личното трошење со низа мерки, но граѓаните сè уште се двоумат да купуваат дури и на платформата Pinduoduo на PDD, која ги надмина конкурентите со својот фокус на ниските цени.

Водечките платформи за е-трговија Alibaba, Pinduoduo и JD.com се борат за удел на домашниот пазар, намалувајќи ги цените за да ги охрабрат граѓаните да трошат. Pinduoduo и глобалната платформа Temu имаат предност од широката мрежа на добавувачи на PDD во Кина, забележува Reuters.

Temu, пак, се најде во проблеми откако Вашингтон одлучи да го укине бесцаринскиот увоз на пратки со ниска вредност од Кина и Хонгконг. До неодамна, Американците не плаќаа царини за производи во вредност до 800 долари што ги купуваа во странство. Вашингтон, исто така, ги ослободуваше таквите пратки од стандардните царински процедури.

САД ја воведоа регулативата „de minimis“ уште во 1938 година за да го намалат административниот товар. За време на претседателствувањето на Барак Обама, Конгресот го зголеми плафонот од 200 на 800 долари, а резултатот беше скок на увозот. Во период од десет години, вредноста на увозот на артикли кои, според одредбата „de minimis“, уживаа ослободувања, повеќе од седумкратно, надминувајќи една милијарда долари во фискалната 2023 година, според царинските податоци.

Во меѓувреме, Вашингтон ја намали царината за увоз на пратки со ниска вредност од Кина од 120 на 54 отсто за да ги намали тензиите со Кина и да ги олесни преговорите.

ЕУ моментално ги ослободува од даноци стоките што граѓаните ги купуваат во странство во вредност до 150 евра, но има намера да воведе даноци од 2028 година.

„Нашите трговци се изложени на значителен притисок од радикални промени во надворешното регулаторно опкружување, како што се царините. Нашата глобална компанија работи со трговците на мало во сите региони за да обезбеди стабилни цени и широк спектар на понуди и да го зајакне нашиот бизнис на пазарите што ги опслужуваме“, рече претседателот и ко-извршен директор на PDD, Чен Леи, во разговор со аналитичарите.

Во Temu не сакаaт да ги зголемуваaт цените поради царините и има намера стратешки да го пренасочи својот бизнис за да обезбеди повеќе нарачки за трговците на мало на други пазари, додаде челникот на PDD.

Next Post

Граѓаните на еврозоната повторно сигнализираат за зголемување на инфлацијата

Трајковски пред дуелите со Белгија и Казахстан: Сите ќе мораме да го дадеме максимумот

Препорачани Вести

Млад возач прегази пешак – тешка сообраќајка кај Визбегово

3 weeks ago

НАСА е уверена дека Земјата наскоро ќе има две Месечини: „Веќе нè следи извесно време“

3 months ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: Уставни измени нема да има без гаранции за правата на Македонците во Бугарија и за ослободување од ново вето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ испраќа итна помош за Украина и Молдавија од 153 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.