Општина Струмица денеска започна со отстранување на неколку угостителски објекти на градскиот плоштад. Причината е непостапување по укажувањата од инспекциските служби и истечените рокови за доброволно отстранување на урбаната опрема. Акцијата се спроведува со присуство на комунални и безбедносни служби.








