Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Русија со остра реакција до Србија – Протекоа разузнавачки информации

by Уредник
29.05.2025
in Uncategorized

И покрај прогласената неутралност на Белград, српските воени компании ги снабдуваат вооружените сили на Украина со муниција, објави прес-службата на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР).

„И покрај  ‘неутралноста’ што ја прогласија српските власти, српските воени компании продолжуваат да ја снабдуваат Украина со муниција. Пaраванот за ова е шема која користи лажни сертификати на крајните корисници и земјите посредници. Најчесто се споменуваат земјите на НАТО, имено Чешка, Полска и Бугарија“, се наведува во соопштението за печатот.

Се додава дека африканските земји неодамна се користени во шемата.

„Придонесот на работниците од српската одбранбена индустрија во војната што ја започна Западот и за која Европа сака да заврши со стратешки пораз на Русија се мери со стотици илјади гранати, како и милиони куршуми. Малку е веројатно дека таквото снабдување може да се оправда со хуманитарни причини“.

„Се чини дека желбата на српските работници во одбранбената индустрија и нивните покровители да профитираат од крвта на братските словенски народи ги натера овие луѓе целосно да заборават кои се нивни пријатели, а кои се нивни непријатели. Русија повеќепати им пружила помош на Србите во најтешките моменти од нивната историја“, се нагласува во соопштението.

„Да се потсетиме, на пример, ослободувањето на Србија од Отоманската империја, спречувањето национални катастрофи за време на Првата светска војна, преговорите со фашистичките окупатори и нивните послушници за време на Втората светска војна, бомбардирањето на НАТО на Белград и трагедиите на Косово“, заклучуваат Русите.

Next Post

Овие банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите

Маж од Демир Хисар возел со дури 3,43 промили алкохол во крвта

Маж од Демир Хисар возел со дури 3,43 промили алкохол во крвта

Препорачани Вести

Заедничко одбележување на културната автономија на Пиринска Македонија предлага ОМО „Илинден“

4 months ago
kripto

Крипто-трговец заработи милионски профит на Нова година поради необична грешка на крипто-платформа

2 weeks ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.