Connect with us

Република

Со помошта која ја дава Владата на општините успеавме да ја развиеме Битола онака како што граѓаните го бараат

Тони Коњановски, градоначалник на Општина Битола, во своето гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“ зборуваше за патот Скопје-Битола и укажа дека очекува што побрзо да се пушти и втората делница за да може побрзо да се стасува.

-Едната делница кај Дреново е пуштена во употреба и многу се скратува и со нетрпение и желба она што го најави Владата да ја видиме и побрзо втората делница. Верувам дека за час и половина ќе може да се стигне од Битола до Скопје. И како што кажува секогаш ВМРО-ДПМНЕ секогаш на нас останува да ги решаваме затекнатите проблеми, недоречености, неисполнети ветувања или она кое со години не можеле да го реализираат, рече Коњановски.

Коњановски во текот на своето гостување се осврна и на тоа како ја наследил општината каде посочи дека наследил затворена општина спрема граѓаните и вработените како и со блокирана општина во многу процеси.

-Тука прво би зборувал пред се во делот на функционалноста. Затекнавме општина која била затворена спрема граѓаните, но и спрема вработените. Прво што направивме беше да искористиме она кое е најдобро и да ги поставиме така работите да можеме да работиме и мислам дека успеаваме. Се соочивме со општина во која беа блокирани многу процеси во делот на урбанистичка документација, урбанистички планови, тоа беше се во застој. Првото што се зафативме легализацијата. Многу јавни набавки кои беа стопирани, се соочивме да се кочи секторот кој треба да продуцира и да работи, кажа тој.

Коњановски потсети дека откога тој за преземал општината се забележало едно силно темпо на градежна офанзива и дека неговата цел е да ја врати довербата кај младите да останат во својата држава.

-Она кое денес граѓаните го препознаваат е едно силно темпо, една буквална градежна офанзива во која од првиот ден влеговме. Сакаме да ја вратиме довербата кај младите да останат тука и јас гледам една атмосфера која од ден на ден трае од првиот мандат, вели Коњановски.

Градоначалникот Коњановски во текот на своето гостувања наброја дел од проектите кој тој ги направил.

-Нашиот прв проект кој и така го нарековме е проект на 23 улици. Веднаш се зафативме со изработка на генерален урбанистички план и тоа е во напредна фаза и очекувам дека за година тој урбанистички план ќе ја даде визијата за Битола во наредните години. Се зафативме и со она што сакавме и што го ветивме најмногу на младите многу зелени површини. Почнавме со изградба и тој денес е завршен, нов парк во Нова Битола од 20.000 квадратни метри, кој ги има сите елементи на едно парково уредување .Во меѓувреме успеавме да ги реконструираме училишните спортски терени во училиштето „Елпида Караманди“, тоа е еден преубав дел на градот. Се зафативме се решавање на уште еден горлив проблем во градот, тоа е прифатилиште за бездомни животни, големи се средствата кои ги исплаќаме како општини во делот на оштетени граѓани. Се зафативме со тоа прифатилиште и тоа го изградивме, е со капацитет од над 60 легла со кои може привремено да се сместат домашните животни и е направено по сите стандарди, истакна Коњановски.

На крај тој се осврна и на повиците на Владата со кои се помага на општините каде потенцираше дека тоа е многу важна помош за да се развие градот онака како што граѓаните што го бараат.

-Двата повика кои ги објави Владата со кои им се помогна на општините значи премногу за нас и е можност да го развиеме градот онака како што граѓаните го бараат, додаде Коњановски.

Република

УХМР: Маглата се повлекува, следуваат врнежи од дожд и снег

Од среда ќе започне постепено расчистување на маглата што ја зафати државата, а ќе преовладува дожд на пониските, и снег на повисоките предели, соопштија од УХМР.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), низ деновите што следуваат се очекува подобрување на временските услови, а маглата што во изминатите денови го намали видот и предизвика сообраќајни и аеродромски ограничувања, ќе почне да се расчистува.


Во текот на денешниот ден и утре, времето ќе остане засегнато од влажни и студени воздушни маси, со што се очекуваат врнежи од дожд на пониските надморски висини и врнежи од снег во планинските региони.
Метеоролозите дополнително истакнуваат дека температурата ќе биде пониска од просекот за овој период, што ќе придонесе за поинтензивни зимски услови, особено на планините каде што снежната покривка ќе се зголемува.


Подоцна во неделата, како што се движи холодниот циклон, се очекува подем на температурите и стабилизација на времето, со помалку магла и сушини периоди, кои ќе овозможат полесно движење и нормално одвивање на сообраќајот.


Од УХМР ги повикаа граѓаните и возачите да бидат внимателни на патиштата поради можни влажни и лизгави коловози, како и на ветер што може да создава чувство на дополнителен студ.

Continue Reading

Република

Граѓаните генерално задоволни од „Сејф Сити“, но посочуваат и конкретни забелешки

Поголемиот дел од граѓаните позитивно го оценуваат функционирањето на системот „Сејф Сити“, сметајќи дека тој придонесува за поголема безбедност и подобра контрола во сообраќајот, но истовремено изнесуваат и низа забелешки за неговата примена и ефектите во секојдневието.


Според реакциите во јавноста, граѓаните ја поздравуваат зголемената дисциплина кај возачите, намалувањето на сообраќајните прекршоци и чувството на поголема безбедност на улиците. Камерскиот систем, велат тие, има превентивен ефект и ги поттикнува учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата.


Сепак, дел од граѓаните укажуваат на одредени проблеми, како што се нејасно означени зони под надзор, недоволна информираност за начинот на функционирање на системот, како и страв дека фокусот е ставен повеќе на казнување отколку на едукација и превенција.
Дополнително, се посочуваат и дилеми околу заштитата на приватноста и потребата од поголема транспарентност во користењето на собраните податоци.

Дел од граѓаните бараат институциите појасно да објаснат како се чуваат снимките, кој има пристап до нив и колку долго се задржуваат.
И покрај забелешките, општата перцепција е дека „Сејф Сити“ претставува чекор напред во унапредувањето на јавната безбедност, но дека е неопходно системот постојано да се унапредува, со подобра комуникација со јавноста и прилагодување на реалните потреби на граѓаните.

Continue Reading

Република

„Куќа имам на Пелистер“ – Илјадници посетители на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“

Неколку илјади граѓани од Битола, Прилеп, Ресен и од другите ополни општини денеска присуствуваат на манифестацијата „Вкусот на Пелистер“, која се одржува под мотото „Куќа имам на Пелистер“. Настанот е посветен на одбележување на успешно завршената година и свечениот почеток на Новата 2026 година, со богата понуда на храна, пијалоци и забавна програма.

Манифестацијата по втор пат ја организира ЈУ Национален парк Пелистер, со поддршка на Општина Битола, со цел на едно место да се обединат и промовираат туристичките потенцијали на поширокиот регион.

„Оваа година имаме околу 30 учесници, меѓу кои локални угостители, хотели, производители на храна и пијалоци, како и други правни лица кои нудат алтернативна туристичка понуда. Целта е да се зајакне локалната економија и да се промовира Пелистер како атрактивна туристичка дестинација во текот на целата година“, изјави директорот на Националниот парк, Иванчо Тошевски.

Посетителите имаат можност да уживаат во автентични локални вкусови, традиционални производи и празнична атмосфера, што уште еднаш го потврдува значењето на ваквите настани за развојот на туризмот и промоцијата на регионот.

Извор: Апла.мк

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг