Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Во Идризово почнува судскиот процес за „Адитив“

by Уредник
29.05.2025
in Uncategorized

Денес, во дигиталната судница на Казнено-поправната установа „Идризово“ започнува судската постапка за случајот „Адитив“, кој се однесува на истрага за проневера при јавните тендери и нелегално исправање на пари во врска со набавката на додатоци за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Обвинети се 31 физичко лице и пет правни субјекти, меѓу кои и високи функционери од енергетскиот сектор.

Обвинетите лица организирале и спровеле пререгистрација на правни субјекти со цел да ги заобиколат процедурите за јавна набавка, овозможувајќи на тој начин одредени фирми да добијат договори и да се стекнат со значителна материјална корист.

Како што претходно извести Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОК), според наводите во обвинението, првообвинетиот во случајот се гони за нестручно работење во службата, додека шест лица се обвинети за кривичните дела злосторничко здружување и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. На четворица од нив им се става на товар и кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Дванаесет лица се обвинети дека сториле кривично дело злосторничко здружување и продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а двајца од нив сториле и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело. Дополнително, на четири лица им се става на товар дека ги сториле кривичните дела злосторничко здружување и перење пари и други приноси од казниво дело, додека четворица сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Останатите четири лица се обвинети за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело.

Одговорните компании, како што известија од Обвинителството, се товарат за кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело, а две од нив и за продолжено кривично дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

„Во период од месец април 2023 до месец август минатата година, дел од обвинетите во својство на службени лица создале група чија цел била вршење кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело. Во меѓувреме, со намера да прибават за себе или за друг имотна корист од поголеми размери или да предизвикаат штета од поголеми размери, дел од останатите обвинети станале припадници на оваа група. Тие, договарајќи се со други можни учесници заради изигрување на постапката за доделување на договори за јавна набавка, свесно ги повредиле прописите за постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, стои во соопштението на ОЈО ГОКК.

Оттаму дополнуваат дека обвинетите управители и сопственици на правни лица, откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на нивните правни субјекти, како економски оператори – учесници во постапки, меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј. „На начин опишан во диспозитивот на Обвинителниот акт, овозможиле кривично одговорно правно лице да го добие Договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив RPT 601, за потребите на РЕК Битола и на РЕК Осломеј и притоа да се стекне со имотна корист од големи размери во вкупен износ од 397,636.400,00 денари“, дополнуваат од ОЈО ГОКК.

Понатаму, со намера да го прикријат движењето на парите за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно, дел од обвинетите припадници на злосторничкото здружение и дел од останатите обвинети примале пари, ги пуштале во оптек, извршувале пренос на паричните средства и подигнувале готовина во вкупен износ 414,776.400 денари.

Next Post

НОВИОТ ГУВЕРНЕР Е ИЗБРАН – ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ВЛЕГУВА ВО НАРОДНАТА БАНКА

ИЛИЕВСКИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА БИТОЛА?

Препорачани Вести

Загриженост во Израел – САД продава моќен борбен авион на блискиот исток

2 months ago

Млада девојка тешко повредена во сообраќајка кај Свети Николе

3 months ago

Популарни Вести

  • Лажни апартмани, вистинска штета: „Тијана“ и „Жаклина“ измамиле шест семејства за летување во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Исчезнат индонезиски авион со 11 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дефект на топловодната мрежа остави без парно делови од Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентификувано лице кое ги загадуваше улиците на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Солидарноста е мерка за успешна општина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.