Saturday, January 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

15 часа без вода: Половина Скопје на удар – Водовод почнува голема интервенција од утре!

by Уредник
30.05.2025
in Uncategorized

Скопјани од шест скопски населби утре ќе останат без вода цели 15 часа, откако ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе започне со голема интервенција на магистралниот цевковод. Акцијата стартува ноќеска на полноќ, а ќе трае до попладневните часови во сабота.

Причината за прекинот е изведба на нов главен водоводен приклучок и поставување игличест регулационен вентил – за што од претпријатието уверуваат дека ќе го подобри водниот притисок и ќе ги намали загубите на вода низ мрежата.

Прекинот ќе ги погоди жителите на следните скопски населби: Визбегово, Чаир, Топанско Поле, Автокоманда (висока зона), Железара и Бутел 1.

„Работите ќе траат помалку од 15 часа, но најмногу време ќе се одвои за празнење и полнење на магистралниот цевковод. Сите наши сектори и механизација ќе бидат на терен од раните утрински часови,“ велат од ЈП Водовод.

Целта е со новиот приклучок да се поврзат двата главни цевководи во градот и да се формира „циркуларен прстен“ кој значително ќе го подобри системот за водоснабдување.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да се подготват навреме и да обезбедат доволни количини вода за време на прекинот.

Next Post
Исчезнаа две малолетнички од Скопје

Исчезнаа две малолетнички од Скопје

СВЕЧЕНО ЗАТВОРЕНО 44 ИЗДАНИЕ НА „МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“

Препорачани Вести

Македонија2025 доделува 20 стипендии за петтиот Охрид камп за високо-технолошка извонредност

12 months ago

Владата најави забрана за пиротехника во затворен простор – се менува закон стар 46 години

11 months ago

Популарни Вести

  • Седум лица повредени во тешка сообраќајка, меѓу нив и 6 годишно дете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФОТО: Мицкоски на Тетовското Кале по повод Св. Атанасиј

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се шири измама со „непреземени пакети“ од Тему во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија во Индонезија: Бројот на жртви од свлечиштето достигна 49

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.