Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Инвеститорите на Тесла му поставија ултиматум на Илон Маск

by Уредник
30.05.2025
in Uncategorized
Инвеститорите на Тесла му поставија ултиматум на Илон Маск

Големите инвеститори му порачаа на Илон Маск: „Посвети се на Тесла – најмалку 40 часа неделно“

Дванаесет водечки пензиски фондови, кои управуваат со вкупна актива од околу 950 милијарди долари, му упатија отворено писмо на извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, барајќи од него поголема посветеност на компанијата и минимум 40-часовна работна недела.

Во писмото, испратено до управниот одбор на „Тесла“, се изразува сериозна загриженост поради нестабилноста на цената на акциите, падот на продажбата, загрижувачките извештаи за прекршување на човековите права, како и сѐ послабата репутација на компанијата на глобално ниво.

„Масковата ангажираност во повеќе компании сериозно го попречува неговиот фокус на Тесла, додека управниот одбор делува незаинтересирано и неспособно да ги заштити интересите на акционерите со тоа што не бара негова целосна посветеност“, стои во писмото.

Инвеститорите бараат во идните договори за компензација на Маск експлицитно да се вклучи клаузула со обврска за минимален ангажман од 40 часа неделно во „Тесла“.

Акциите на компанијата паднаа за повеќе од 24% од својот врв во декември 2024 година, пред Маск да започне поинтензивна и контроверзна политичка активност во рамките на администрацијата на Доналд Трамп и пред да се појават гласини дека компанијата разгледува негова смена. Маск подоцна призна дека неговата политичка експонираност имала негативно влијание врз „Тесла“, и на почетокот на мај најави повлекување од политичките активности. На Економскиот форум во Катар, одржан на 20 мај, Маск изјави дека планира да остане на чело на компанијата уште најмалку пет години — „освен ако не умрам“, додаде саркастично.

Покрај „Тесла“, Маск е извршен директор и на „SpaceX“, технички директор на „X Corp.“ (поранешен „Twitter“), и претседател на „Musk Foundation“, која ја води заедно со својот брат Кимбал. Во првите месеци од вториот мандат на претседателот Трамп, Маск дури се пресели во Белата куќа, каде што секојдневно давал совети како шеф на новоформираното Министерство за ефикасност на владата — DOGE, именувано по популарната криптовалута која Маск често ја споменува.

И покрај сите функции, Маск често е предмет на критики поради времето кое го поминува објавувајќи содржини на социјалната мрежа X, која ја купи во 2022 година.

Во писмото, инвеститорите не бараат само посветеност од Маск, туку и итна изработка на план за наследување на лидерската функција, вклучително и механизам за итни случаи. Дополнително, бараат ограничување на бројот на управни одбори во кои може да членуваат директорите на „Тесла“.

„Загриженоста за лошото корпоративно управување во Тесла станува сѐ поизразена, особено откако компанијата усвои статутарни измени кои дополнително ги ограничуваат можностите на акционерите да повикуваат директори на одговорност за прекршување на фидуцијарната должност“, стои во писмото.

Иако станува збор за влијателни институции — меѓу кои се Американската федерација на наставници, државните трезори на Орегон и Илиноис, како и финансискиот контролор на Њујорк — тие колективно поседуваат околу 7,9 милиони акции на „Тесла“, што претставува само 0,25% од целокупната сопственичка структура на компанијата.

Next Post

Коњановски: Само еден тим! Само еден град! Само Пелистер! Само Битола

Разочарување за Украина: Специјалниот пратеник на Трамп со изјава за Русија

Разочарување за Украина: Специјалниот пратеник на Трамп со изјава за Русија

Препорачани Вести

Европа ги постави црвените линии: “И Путин и Трамп треба да знаат дека не отстапуваме од ова”

Европа ги постави црвените линии: “И Путин и Трамп треба да знаат дека не отстапуваме од ова”

9 months ago

Божиновска: Субвенции за ранливи потрошувачи на енергија – пријавувањето започна

10 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.