Connect with us

Република

Коњановски: Само еден тим! Само еден град! Само Пелистер! Само Битола

Пред неколку дена официјално заврши фудбалската сезона 2024/25 и време е да се сумира направеното, да се анализира претходниот период и да се истакнат добрите и лошите работи. Исклучително сме горди и задоволни што нашиот ФК Пелистер оди по зацртаната линија и по проектот кој беше доверен до клупската управа уште во јануари 2023 година. Тогаш ги именувавме Митко Стојковски и Тони Мицевски како творци на проектот на клубот и Ванчо Мицевски како спортски директор. Со макотрпна работа клубот исполни голем дел од целите кои си ги зацрта и од четврто место во Втората лига стигна до шесто во Првата лига. Денес Пелистер е стабилен прволигаш, најпосетен клуб во Првата лига, има стадион кој е на прагот да стане комплетен, целосно ги намали долговите и ја реорганизира и подигна школата на клубот. Сите овие резултати и заслуги одат на адреса на овие луѓе кои деновиве ја завршуваат соработката со клубот. Ние како Општина, како луѓе од градот, навивачи на Пелистер, им сме бескрајно задоволни и им порачуваме дека вратите на нашиот клуб за нив ќе бидат секогаш отворени. Нивната посветеност е водилка како треба да се менаџира клубот и верувам дека процесот на развојот ќе продолжи, бидејќи Пелистер има добра база во сите структури. Веќе идната недела клубот ќе одржи средба на бордот на директори и ќе ги донесе потребните одлуки за функционирање на клубот – ќе бидат назначени новите раководечки луѓе и структури кои ќе го продожат растот на Пелистер.

Сакаме да го потенцираме проектот на комплетирање на стадионот „Петар Милошевски“ како витален за иднината на клубот и не се откажуваме од идејата за изградба на тренинг-центар, кој е неопходен. Апострофираме дека школата на клубот под водство на Златко Цветановски има огромен раст кон напред и денес е една од трите најдобри во нашата земја. Во претходните неколку години зголемен е бројот на млади членови на клубот, а екипите кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија бележат далеку подобри резултати од периодот претходно. Многу наши пионерски, кадетски и младински екипи се меѓу најдобрите во првенството и Купот на Македонија, а се користи секоја шанса млади фудбалери од нашата школа да дебитираат и за сениорската екипа. Овој скок е заслуга на Златко Цветановски и веруваме дека под негово водство ќе продолжи процесот, бидејќи Пелистер секогаш бил препознатлив по продукција на играчи и имплементација на истите во сениорскиот тим.

Наскоро клубот ќе ги презентира новите раководечки луѓе и ќе го изготви планот за сезоната 2025/26.

Напред Пелистер!

Република

Битола го одбележа Денот на својот заштитник: Литургија и литија во чест на Св. Нектариј Битолски

Со света архиерејска литургија и свечена литија, денес во Битола беше одбележан Денот на Свети Нектариј Битолски, заштитник на градот. Верници од Битола се собраа во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, каде што се одржа Светата Божествена Литургија во чест на преподобниот Нектариј, кој се упокоил на 5 декември 1500 година.

На литургијата присуствуваа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, како и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, заедно со бројни верници.

По завршувањето на богослужбата, голем број присутни верници пристапија кон Светата Причест. Потоа, согласно долгогодишната традиција, низ повеќе битолски улици се одржа свечена литија, во која учествуваа бројни граѓани.

По повод празникот, градоначалникот Тони Коњановски упати честитка до битолчани, посакувајќи Свети Нектариј Битолски постојано да биде нивен духовен заштитник и водилка.

„На сите сограѓани им го честитам Денот на Заштитникот на градот – Свети Нектариј Битолски. Неговата заштита нека биде постојано со нас. Секојдневието да го исполнуваме со љубов, меѓусебно почитување и добрина, вредности со кои ќе ја градиме иднината на Битола и на генерациите што доаѓаат“, порача градоначалникот Коњановски.

Continue Reading

Република

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ДЕЛ ОД ТЕТОВО И СЕЛОТО ДОБРОШТЕ

Утре, 19 декември 2025 година, поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од град Тетово и едно тетовско село.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците на улица 114 кај СИЗ во Тетово.

Во исто време, од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде и дел од селото Доброште, поточно објектите кои се наоѓаат во близина на старата џамија.

Од надлежните информираат дека прекинот е поради планирани интервенции со цел подобрување на сигурноста на електроснабдувањето.

Continue Reading

Република

Три децении пријателство: Македонија слави 30 години дипломатски врски со 14 земји

Во свечена атмосфера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денес беа одбележани три децении од воспоставувањето на дипломатските односи на Република Македонија со 14 земји, меѓу кои Соединетите Американски Држави, Грција, Австралија, Саудиска Арабија, Романија, Молдавија, Индија, Естонија, Украина, Казахстан, Монголија, Азербејџан, Литванија и Израел.

Свои обраќања на настанот имаа заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, како и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

Во своето обраќање, заменик министерот Димитровски истакна дека денес се слави „триесетгодишно патување на просперитет и взаемно почитување“ кое започнало во 1995 година. „Во тие рани години на нашата независност, секое воспоставување на дипломатски односи беше вистински камен-темелник во градењето на нашата државност. Тие први чекори го одбележаа нашиот непоколеблив пат кон западноевропските вредности и нашите аспирации за интеграција во евроатлантското семејство“, нагласи Димитровски.

Свечениот настан беше прилика да се потсети на значењето на долгорочната соработка и пријателството меѓу Република Македонија и земјите партнери, како и на заедничките вредности кои ги градат меѓусебните односи во изминатите три децении.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг