Connect with us

Република

Коњановски: „Мед и млеко на Широк Сокак“ да стане традиција – пчелите се чувари на човештвото

По повод Светскиот ден на пчелата – 20 мај, на Плоштадот „Магнолија“ се одржа манифестацијата „Мед и млеко на Широк Сокак“, во организација на Сојузот на пчеларски здруженија, пчеларското здружение „Нектар“, Амбасадата на Република Словенија и општина Битола.

Во своето обраќање до присутните, амбасадорот Грегор Пескер истакна дека долги години Словенија посветува големо внимание на вклучувањето на младите во пчеларските активности.

„Затоа оваа година, нашата амбасада одлучи да даде приоритет на вклучувањето на младите во пчеларството и зачувувањето на опрашувачите, бидејќи тие се идните чувари на нашата животна средина. Со ангажирање на младите луѓе во пчеларски активности, едукативни иницијативи и напори за застапување, можеме да инспирираме нова генерација лидери во животната средина и да ги поттикнеме позитивно да влијаат на светот“, истакна Н.Е. Пескер.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски истакна дека оваа манифестација треба да прерасне во традиционална, бидејќи значењето и постоењето на пчелата е важно за одржувањето на човештвото на планетата.

„Овие манифестации се многу значајни, бидејќи го истакнуваат производството на медот како значајна гранка од земјоделството, а голем број лица се занимаваат со производство на мед. За некои тоа е животна професија, но е многу важно да се одржува животната средина чиста, со цел и производоството на медот да биде квалитетно и природно“, рече Коњановски.

За значењето на настанот говореа и Верче Мицевска, Национална координаторка за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, како и претседателот на пчеларското здружение „Нектар“, Менде Трајковски.

Покрај производите од мед, на Магнолија беа изложени и млечни производи од млекарата Вемилк.

Настанот беше збогатен со настап на најмладите од битолските детски градинки.

Advertisement

Република

Проданоски ги отвори вратите на Општината за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и надлежностите на градоначалникот.

Учениците имаа можност одблизу да се запознаат со работата на општината, поставувајќи бројни интересни и искрени прашања, на кои градоначалникот одговараше низ пријатен и едукативен разговор.

Проданоски истакна дека ваквите средби се особено значајни, бидејќи ја поттикнуваат младата генерација да развива интерес за општествените процеси и институциите.

„На младите им припаѓа иднината, а наша обврска е континуирано да работиме на подобрување на условите за живот и создавање подобра и посигурна иднина за нив“, порача градоначалникот Проданоски.

Continue Reading

Република

Општина Битола инсталира фотоволтаици во уште три училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на договорот со Фондацијата Отворено Општество, со кој Општината ќе добие донација за поставување фотоволтаици на уште две основни училишта – „Св. Климент Охридски“ и централното училиште „Даме Груев“.

Анексот претставува дополнување на претходниот договор, со кој минатата година беа инсталирани фотоволтаици на шест основни училишта во градот.

Во рамки на заложбата за искористување на обновливата енергија, Општината ќе постави фотоволтаици од сопствени средства и на една од зградите на основното училиште „Гоце Делчев“.

Овој проект е дел од стратегијата на Општина Битола за поддршка на одржливи решенија и намалување на трошоците за енергија во образовните институции.

Continue Reading

Република

Општина Битола: Панел дискусија за унапредување на услугите од јавните претпријатија

Општина Битола и Советот на Општина Битола организираат панел дискусија на тема „Како до подобри услуги за граѓаните од јавните претпријатија“, со цел отворање поширока јавна дебата за улогата и предизвиците на јавните претпријатија како сервис на граѓаните.

Во изминатиот период, јавните претпријатија се соочија со сериозни предизвици, почнувајќи од последиците од ковид пандемијата, преку енергетската криза, до напорите за нивна финансиска и организациска стабилизација. Токму овие состојби ја наметнуваат потребата од системско унапредување на квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните.

На панел дискусијата ќе учествуваат градоначалникот на Битола, претседателот на Советот, директорите на јавните претпријатија, како и експерти од областа. Отворена е покана и за поранешни директори, пратеници, советници, претставници на граѓански организации и медиумите, со цел да се обезбеди инклузивна и конструктивна расправа.

Настанот ќе се одржи в петок, на 19 декември, со почеток во 13:30 часот, во киното „Манаки“ во Битола.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг