Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди

by Уредник
30.05.2025
in Uncategorized

 (Скопје, 30 мај 2025 година) – Во соработка на „Лидл Северна Македонија“, Министерството за транспорт и Стопанската комора на Северна Македонија, во Скопје се одржа конференција „Бизнис-со-бизнис“ посветена на градежниот сектор и секторот за недвижности. Настанот ги собра клучните партнери и компании со кои Лидл активно соработува во процесот на имплементација на своите проекти низ целата земја.

Конференцијата ја отвори заменик-министерката за транспорт, г-ѓа Калтрина Зеколи-Шаќири, која изјави дека „инвестицијата на компанијата Лидл носи свежина на пазарот, отвора нови перспективи за економијата и претставува доказ дека Северна Македонија нуди одлични услови за одржлив развој и рамноправно партнерство меѓу државата и бизнисот“.

На конференцијата беа презентирани високите професионални стандарди што Лидл ги применува во сите сегменти од своето работење, почнувајќи од изборот на локација, дизајнот и изградбата на проектот, па сè до здравјето и безбедноста при работа, енергетската ефикасност и сертификацијата на објектите. Со јасни и транспарентни тендерски процедури, строг технички надзор и одржливи градежни решенија, Лидл покажува дека секој чекор на компанијата е во согласност со најдобрите европски практики.

„Лидл е сериозен инвеститор кој влегува на пазарот со јасна визија и долгорочна посветеност. Нашата стратегија вклучува континуирана изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура низ целата земја“, изјави Рубријан Хаџиев, главен оперативен директор на Лидл Северна Македонија.

Како дел од групацијата Шварц, најголемиот синџир на дисконти во Европа со присуство во 31 земја и над 12 000 продавници, Лидл носи стабилност, безбедност и модерен пристап во секоја фаза од развојот. Компанијата на глобално ниво вработува над 375 000 луѓе, а од 2022 година се префрли на зелена електрична енергија во своите капацитети.

На настанот беа истакнати и бројните партнерства со домашни и меѓународни компании – од агенти за недвижности, урбанистички планери и дизајнери, до градежни компании, консултанти, сертификациски тела и добавувачи. Овој колаборативен пристап овозможува испорака на сложени проекти од највисоко ниво, изградени врз квалитет и доверба.

Конференцијата беше заокружена со интерактивна сесија со прашања и одговори, како и можност за директна размена на идеи и поврзување со деловните партнери на Лидл.

Next Post

Парите наместо за бифтеци, за училишен прибор за децата во Дебарца

Трамп бесен на Кина: Го прекршија договорот

Трамп бесен на Кина: Го прекршија договорот

Препорачани Вести

Албанија го доживува најголемиот туристички бум: И Иванка Трамп вложи милијарди долари во Албанија

Албанија го доживува најголемиот туристички бум: И Иванка Трамп вложи милијарди долари во Албанија

8 months ago

Пиастри првпат лидер: Победа во Џеда и врв во генералниот пласман

10 months ago

Популарни Вести

  • Забрани и отежнат сообраќај на патниот правец Маврово – Дебар поради кашест снег, отежнати услови поради снег и на други правци низ државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тројца Македонци поврзани со рекордна заплена од 5 тони дрога завршија во притвор во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од денеска започнува казнувањето преку „Безбеден град“ – санкции ќе следат за четири видови сообраќајни прекршоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одрон го прекина сообраќајот кон граничниот премин Џепиште – Требиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рекордна заплена на марихуана во Србија: Пет тони дрога пронајдени и петмина осомничени, еден од нив поврзан со македонска компанија за канабис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.