Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Новата директорка на ОУ„Тодор Ангелевски“, Гордана Јоначиќ вели има максимално почитување на личноста на учениците

by Уредник
30.05.2025
in Uncategorized

Обраќање до јавноста на новата директорка на ОУ „Тодор Англевски“ Битола по назначување за ве-де директор и нападите во некои медиуми дека малтретирала дете.  

Ми претставува голема чест и одговорност што сум именувана за вршител на должноста директор на ООУ „Тодор Ангелевски“. Ова училиште има голема историја, вредни наставници и ученици со голем потенцијал, што е основа врз која ќе продолжиме да градиме. Образованието е столб на секое општество и одговорноста што ја преземам бара транспарентност, отчетност и континуиран дијалог со сите чинители на истото – наставниците, родителите, учениците. Во периодот кој ни претстои се подготвуваат неколку владини проекти кои вклучуваат изградба на спортска сала и спортско игралиште во централното училиште и спортско игралиште во подрачното училиште во Горно Оризари.

Исто така, во тек е проектната документација за целосна реконструкција на училиштето, енергетски ефикасна фасада и можност за фотоволтаци. Нашето училиште брои 884 ученици, 96 врвни наставници, а во тек се уписите на нови првачиња.

Во мојот досегашен работен стаж секогаш сум функционирала во насока на професионално исполнување на работните обврски, со максимално почитување на личноста на учениците, што подразбира и родителски и педагошки едукативен пристап.

Тоа може да го потврдат генерации ученици со кои сум работела во изминатиот период кои веќе се изградени личности. Моето мото секогаш е дека успехот треба да го градиме заедно со учениците. Без да навлегувам во детали за случајот ве уверувам и вас и јавноста дека и во споменатата ситуација надлежните инстанци ќе дадат соодветен одговор со кој ќе се потврди се што кажав претходно. Нагласувам: и како наставник и како директор ценам дека личноста на децата, нивното воспитание и образование и безбедност ми се најважни мене и на моите колеги. Така функционирав претходно така ќе биде и во следниот период. Ги охрабрувам сите – ученици, родители и наставници – да продолжиме со меѓусебна поддршка и отворена комуникација. Само така ќе можеме да создадеме уште подобро училиште за нашите деца. Благодарност за довербата и соработката на Градоначалникот на Општина Битола, пишува Јоначиќ .

Next Post

Протоереј Миле Талески: Отец Георгиј е достоен за пастирската служба

Паника во Белград: Дојави за бомби на повеќе локации

Препорачани Вести

Кина разви „дрон-комарец“ за тајни мисии и шпионажа

Кина разви „дрон-комарец“ за тајни мисии и шпионажа

7 months ago

Откриен испраќачот на лажни дојави за бомби во училиштата!

11 months ago

Популарни Вести

  • Сомнение за даночно затајување: Фирма и двајца управители во Струмица пред обвинителство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Храбри одлуки за стабилни јавни претпријатија и развој на Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автомобил со намера удри во синагога во Бруклин, уапсен возачот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 24Инфо: Финансиска полиција со кривична пријава за првиот регулатор Бислимовски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нелегални тутунски производи вредни 1,8 милиони денари откриени во малопродажба во Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.