Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Ова е вистината за нападот на Путин?

by Уредник
30.05.2025
in Uncategorized
Ова е вистината за нападот на Путин?

Инсценирана драма? Кремљ под сомнеж по „нападот“ врз Путин

Тврдењето на руското Министерство за одбрана дека претседателот Владимир Путин се нашол „во епицентарот на напад со дрон“ се покажува како внимателно осмислен медиумски перформанс од страна на Кремљ, пренесува независниот портал The Moscow Times.

Според руските државни медиуми, инцидентот се случил за време на неодамнешната посета на Путин на Курската област – негова прва од почетокот на воените дејствија во регионот – кога, наводно, украински дронови го нападнале хеликоптерот со кој патувал. Но, како што наведува The Moscow Times, станува збор за инсценирана епизода, а не за реален борбен напад.

Четири извори од внатрешноста на владата и Кремљ тврдат дека безбедносните служби намерно ја промовирале драматичната приказна за да создадат слика на лидер кој не се крие зад линиите на фронтот, туку, напротив, лично ги споделува ризиците и жртвите со народот.

Во контекст на зачестените напади со дронови, хаосот на аеродромите и прекините во мобилната комуникација низ Русија, овој телевизиски трик имал за цел да испрати порака: „војната е реална, а претседателот е дел од неа“.

Според пишувањата на порталот, Путин навистина ја посетил Курската област – зона која често е цел на украински напади – но безбедносните мерки биле на највисоко ниво.

„Никој никогаш не би дозволил таков степен на безбедносен немар. Дури ни во најлош кошмар,“ изјавил висок владин претставник близок до претседателската администрација.

Она што дополнително го засилува сомнежот е фактот дека на посетата не присуствувале ниту новинари блиски до Кремљ, ниту официјална снимателска екипа. Наместо тоа, видеоматеријалот бил снимен од припадници на обезбедувањето, откриваат два независни извори.

Во меѓувреме, украинскиот Центар за стратешки комуникации и информациска безбедност категорично ги отфрли тврдењата дека вооружените сили на Украина извршиле напад врз хеликоптерот на Путин во Курската област.

Next Post
Москва постави два услови – Примирјето сè поблиску?

Москва постави два услови – Примирјето сè поблиску?

Два хороскопски знаци ги очекува банкрот до 6 јуни

Два хороскопски знаци ги очекува банкрот до 6 јуни

Препорачани Вести

Гранати пронајдени кај граничниот премин Меџитлија

6 months ago

Тетово добива модерен стадион: Започна изградбата на новата трибина на „Градскиот стадион“

9 months ago

Популарни Вести

  • Ладен бран ќе ја зафати Македонија: Појава на мразеви за Водици, снег на 21 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Стрежево“ привлекува посетители и без скијање: Пелистер омилена дестинација за зимска прошетка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонското еколошко друштво и НП „Пелистер“ со заеднички чекор кон заштита на природното наследство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Водици во Австралија: Македонската дијаспора ќе го положи светиот крст во морето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканските криминални мрежи поврзани со јужноамериканските рути за кокаин преку Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.