Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Размената на искуства со земји како Казахстан, вели Божиновска, кои имаат силна традиција и експертиза во енергетскиот сектор, е значајна за нашата земја

by Уредник
30.05.2025
in Uncategorized

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Астана, оствари билатерална средба со министерот за енергетика на Република Казахстан, Ерлан Аккенженов.

На средбата се разговараше за искуствата на двете земји во спроведувањето на енергетската транзиција, улогата на критичните минерали во зелената економија, како и за потенцијалите за соработка во делот на обновливи извори на енергија, геолошки истражувања и инвестициски можности.

Министерката Божиновска истакна дека Македонија е посветена на изградба на одржлив и транспарентен модел за користење на домашните минерални ресурси и дека регионалната и меѓународната соработка е клучен предуслов за успешно управување со глобалните енергетски предизвици.

-Размената на искуства со земји како Казахстан, кои имаат силна традиција и експертиза во енергетскиот сектор, е значајна за нашата земја во процесот на градење одржлива енергетска иднина, изјави министерката Божиновска.

Министерот Аккенженов ја поздрави заложбата на Македонија за зелена транзиција и истакна дека Казахстан гледа можности за соработка со земјите од Западен Балкан, особено во делот на размена на технички знаења и пристап до нови технологии.

-Казахстан е подготвен да споделува искуства и да гради нови партнерства со земји кои имаат јасна визија за енергетскиот развој и рационално користење на ресурсите, нагласи министерот Аккенженов.

Состанокот помина во конструктивна и отворена атмосфера, при што двајцата министри се согласија дека постои реален потенцијал за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Казахстан во областа на енергетиката. Беа идентификувани конкретни можности за размена на знаења и техничка експертиза, особено во однос на развојот на хидроген како енергент на иднината – област во која
Казахстан веќе има активни и напредни проекти.

Дополнително, беше посочено дека искуството на Казахстан во воспоставување и примена на батериски системи за складирање на енергија може да биде од голема корист за Македонија, во процесот на стабилизирање и модернизација на националниот енергетски систем.

На крајот од средбата, министерката Божиновска го покани министерот Аккенженов да ја посети Македонија и да учествува на Меѓународниот форум што ќе се одржи во октомври во Скопје, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Форумот ќе претставува важна платформа за унапредување на регионалната и меѓународната соработка во секторот.

Попладнето, министерката Божиновска во рамки на Астана интернационален форум ќе се обрати како говорник на пленарна сесија со наслов „The Resource Race: Who Controls the Green Future“.

Next Post

Ѓорѓиевски: Биди херој на едно детство – Биди згрижувач!

Бугарија со нова резолуција за Македонија – бара акциски план за Бугарите

Препорачани Вести

Трет круг мировни преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул – фокусот на децата и заробениците

6 months ago

Димитриеска Кочоска: Успешна 10-та Еврообврзница со рекорден интерес од инвеститорите

4 days ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.