Таман помисливме дека се стивнаа бугарското и грчкото мешање во внатрешните работи на државата и особено на Црквата, деновиве повторно сме сведоци дека се прават обиди, пред се од бугарска страна, за мешање во внатрешните работи на Македонската православна Црква – Охридска Архиепископија.
Обидот сосема јасен и нескриен – да се испровоцира поделба во МПЦ околу избор на нов Митрополит и член на Синодот, и да се урне угледот на сегашниот состав на Синодот и поглаварот на МПЦ – Охридска архиепископија Г.Г. Стефан.
Вклучени се сите досега “скриени“ елементи блиски до Бугарската православна црква за таа цел, и меѓу свештенството но, и меѓу некои портали.
Провокацијата за создавање судир во МПЦ-ОА и самиот Синод е дали следниот избор за Митрополит и член на синодот да биде со еден или два кандидати за нов член.
Пробугарската линија бара најмалку два кандидати, долги дебати за афирмација на “својот“ а омаловажување на “туѓиот“ кандидат, што потоа значи поделба во Синодот на „за“ или „против“ некој од нив и долго помирување на двете страни кои различно гласале. Веќе видено во политичките партии.
Но, Црквата не е политичка партија и затоа опстанала со векови, и според системот и според својата посветеност, и според постојаната поддршка во народот.
Во Црквата, особено Православните цркви кои немаат централен врховен водач како Католиците со папата во Ватикан, заради мир во куќата и заради чување на достоинство и доверба пред јавноста и верниците, пред да се гласа и избира нов Владика претходат долги разговори, анализи и подготовки кои завршуваат со избор на соодветен кандидат пред да се гласа за него – токму за да нема поделби во Синодот но, и во јавноста и кај верниците на еден и/или друг табор.
Некои високи свештеници, и ним блиски пробугарски ориентирани портали и неколкумина само јавни личности, знаат што значи поделба на јавноста и верниците на табори, кавги, протести и омаловажувања на “туѓиот“ кандидат и затоа заговараат нешто што не е традиција на МПЦ- Охридска Архиепископија – борба меѓу кандидати за нов владика на отворена сцена.
Како за Евровизија.
Секогаш имало само по еден предложен кандидат. Таква е нашата помесна пракса.
Изборот на Митрополити и проширувањето на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во 21-виот век, за прв пат се случи во 2004 година.
При проширувањето на Синодот на МПЦ-ОА во 2004, немаше кандидат и противкандидат. Имаше само по еден кандидат, па така беа избрани Методиј, Пимен, и Климент.
Тогаш на седница на Синодот беше донесена одлука да се изберат нови Владици и Епикоп.
· Митрополит Американско-канадски г. Методиј (хиротонија: 21. 06. 2005),
· Митрополит Европски г. Пимен (хиротонија: 02. 10. 2005) и
· Викарен Епископ Хераклејски г. Климент (хиротонија: 12. 07. 2005), секретар на САС на МПЦ-ОА.
<br>
Една година подоцна беше второто проширување на Синодот на МПЦ-ОА кога беше избран Митрополит Брегалнички г. Иларион (хиротонија: 13. 07. 2006), како единствен предлог.
Во 2012 година, се случи третото засилување на Синодот на МПЦ-ОА во 21-виот вексо уште двајца нови викарни епископи Јосиф и Јосиф. И тогаш, како и претходно, немаше кандидат и противкандидат. Имаше само по еден предложен.
Архимандритот Јосиф Тодоровски од Бигорскиот манастир беше избран за викарен епископ лешочки во Полошко-кумановската епархија (кој сега е умировен) и јеромонахот Јосиф Пејоски од манастирот во Kалишта за викарен епископ велички во Скопската епархија, а подоцна и Митрополит Тетовско-гостиварски.
Во 2018 година се случи четвртото засилување на МПЦ-ОА со изборот на Јаков за Епископ Стобиски, а во 2020 година ипетотозасилување со изборот на Партениј за Епископ Антаниски, а за Митрополит Кумановско-осоговски беше избран Григориј.
Денес, со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), претседаваНеговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.Останатите членови на Синодот сесите Митрополити и Епископи кои се на чело на Епархии. Митрополити се Петар, Наум, Агатангел, Јован, Методиј, Пимен, Иларион, Јосиф, Григориј.
Двајца епископи како членови на Синодот се Јоаким и Марко.
Викарните Епископи (помошните Епископи) не се членови на Синодот. Тие се Климент, Давид, Јаков, Партениј и Никола. Не е член на Синодот ниту умировениот Митрополит Јосиф од Кумановската епархија.
Останати архиереи на МПЦ-ОА, кои не се членови на САС се:
Поранешен Митрополит Кумановско-осоговски, г. Јосиф (хиротонија: 21. 10. 2012)
Викарен Епископ Хераклејски г. Климент (хиротонија: 12. 07. 2005), секретар на САС на МПЦ-ОА
Епископ Стобиски, г. Јаков (хиротонија:, 25. 11. 2018)
Епископ Антаниски и игумен на Свештениот Бигорски манастир, г. Партениј (хиротонија: 12. 07. 2020)
Епископ Давид викарен епископ на Скопската епархија, со титула Епископ Дремвитски
Епископ Велички Никола, архијереј на Македонска православна црква
Синодот на МПЦ-ОА има вкупно 12 членови од кои 10 се Митрополити, а двајца се Епископи. Четворица се Архиереи на МПЦ-ОА.
МПЦ-ОА има прекрасно знаме
Да бидеме конкретни, има појави на пробугарски па и прогрчки ставови во МПЦ-Охридска архиепископија.
Во западна Македонија има манастири на кои се вее жолтото знаме со црн орел на Грчката православна црква, има и епископи по манастри кои често гостуваат на бугарски медиуми и даваат изјави дека МПЦ, Македонската православна црква произлегла од бугарската, а за тоа време примаат доверба, пари и опстојуваат од македонски граѓани и верници кои имаат сосема различно политичко и верско гледиште и ставови.
Некои ќе се појават јавно, а некои како епископи од западна или владика од источна Македонија ќе работат зад грб други да зборуваат во нивно име.
Има такви нешта, ги гледаме и повремено ги објавуваме.
Но, дали тие ретки појави сега ќе добијат шанса да доминираат и да го преземат работењето, традицијата и темелот на Македонската православна црква-ОА и Синодот.
Црквата, секако и МПЦ-ОА, му припаѓа на народот, а му служи на Бога.
Не им припаѓа на бугарофилите и не служи на ничија политика, особено не на бугарска или грчка.
Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13
Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.
Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.
Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.
Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.
Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.
АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.
Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.
Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.
АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.
Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје
По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.
Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.
Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.
Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.
Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.