Saturday, January 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Секогаш има по еден кандидат за Митрополит

by Уредник
30.05.2025
in Uncategorized

Таман помисливме дека се стивнаа бугарското и грчкото мешање во внатрешните работи на државата и особено на Црквата, деновиве повторно сме сведоци дека се прават обиди, пред се од бугарска страна, за мешање во внатрешните работи на Македонската православна Црква – Охридска Архиепископија.

Обидот сосема јасен и нескриен – да се испровоцира поделба во МПЦ околу избор на нов Митрополит и член на Синодот, и да се урне угледот на сегашниот состав на Синодот и поглаварот на МПЦ – Охридска архиепископија Г.Г. Стефан. 

Вклучени се сите досега “скриени“ елементи блиски до Бугарската православна црква за таа цел, и меѓу свештенството но, и меѓу некои портали. 

Провокацијата за создавање судир во МПЦ-ОА и самиот Синод е дали следниот избор за Митрополит и член на синодот да биде со еден или два кандидати за нов член. 

Пробугарската линија бара најмалку два кандидати, долги дебати за афирмација на “својот“ а омаловажување на “туѓиот“ кандидат, што потоа значи поделба во Синодот на „за“ или „против“ некој од нив и долго помирување на двете страни кои различно гласале. Веќе видено во политичките партии.

Но, Црквата не е политичка партија и затоа опстанала со векови, и според системот и според својата посветеност, и според постојаната поддршка во народот.

Во Црквата, особено Православните цркви кои немаат централен врховен водач како Католиците со папата во Ватикан, заради мир во куќата и заради чување на достоинство и доверба пред јавноста и верниците, пред да се гласа и избира нов Владика претходат долги разговори, анализи и подготовки кои завршуваат со избор на соодветен кандидат пред да се гласа за него – токму за да нема поделби во Синодот но, и во јавноста и кај верниците на еден и/или друг табор.

Некои високи свештеници, и ним блиски пробугарски ориентирани портали и неколкумина само јавни личности, знаат што значи поделба на јавноста и верниците на табори, кавги, протести и омаловажувања на “туѓиот“ кандидат и затоа заговараат нешто што не е традиција на МПЦ- Охридска Архиепископија – борба меѓу кандидати за нов владика на отворена сцена. 

Како за Евровизија. 

Секогаш имало само по еден предложен кандидат. Таква е нашата помесна пракса.  

Изборот на Митрополити и проширувањето на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во 21-виот век, за прв пат се случи во 2004 година. 

При проширувањето на Синодот на МПЦ-ОА во 2004, немаше кандидат и противкандидат. Имаше само по еден кандидат, па така беа избрани Методиј, Пимен, и Климент.

Тогаш на седница на Синодот беше донесена одлука да се изберат нови Владици и Епикоп.

·       Митрополит Американско-канадски г. Методиј (хиротонија: 21. 06. 2005),

·       Митрополит Европски г. Пимен (хиротонија: 02. 10. 2005) и 

·       Викарен Епископ Хераклејски г. Климент (хиротонија: 12. 07. 2005), секретар на САС на МПЦ-ОА.

<br>
<br>

Една година подоцна беше второто проширување на Синодот на МПЦ-ОА кога беше избран Митрополит Брегалнички г. Иларион (хиротонија: 13. 07. 2006), како единствен предлог.

Во 2012 година, се случи третото засилување на Синодот на МПЦ-ОА во 21-виот век со уште двајца нови викарни епископи Јосиф и Јосиф. И тогаш, како и претходно, немаше кандидат и противкандидат. Имаше само по еден предложен.

Архимандритот Јосиф Тодоровски од Бигорскиот манастир беше избран за викарен епископ лешочки во Полошко-кумановската епархија (кој сега е умировен) и јеромонахот Јосиф Пејоски од манастирот во Kалишта за викарен епископ велички во Скопската епархија, а подоцна и Митрополит Тетовско-гостиварски. 

Во 2018 година се случи четвртото засилување на МПЦ-ОА со изборот на Јаков за Епископ Стобиски, а во 2020 година ипетото засилување со изборот на Партениј за Епископ Антаниски, а за Митрополит Кумановско-осоговски беше избран Григориј.

Денес, со Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), претседаваНеговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.Останатите членови на Синодот се сите Митрополити и Епископи кои се на чело на Епархии. Митрополити се Петар, Наум, Агатангел, Јован, Методиј, Пимен, Иларион, Јосиф, Григориј. 

Двајца епископи како членови на Синодот се Јоаким и Марко.

Викарните Епископи (помошните Епископи) не се членови на Синодот. Тие се Климент, Давид, Јаков, Партениј и Никола. Не е член на Синодот ниту умировениот Митрополит Јосиф од Кумановската епархија. 

Останати архиереи на МПЦ-ОА, кои не се членови на САС се:

  • Поранешен Митрополит Кумановско-осоговски, г. Јосиф (хиротонија: 21. 10. 2012)
  • Викарен Епископ Хераклејски г. Климент (хиротонија: 12. 07. 2005), секретар на САС на МПЦ-ОА
  • Епископ Стобиски, г. Јаков (хиротонија:, 25. 11. 2018)
  • Епископ Антаниски и игумен на Свештениот Бигорски манастир, г. Партениј (хиротонија: 12. 07. 2020)
  • Епископ Давид викарен епископ на Скопската епархија, со титула Епископ Дремвитски 
  • Епископ Велички Никола, архијереј на Македонска православна црква

Синодот на МПЦ-ОА има вкупно 12 членови од кои 10 се Митрополити, а двајца се Епископи. Четворица се Архиереи на МПЦ-ОА. 

МПЦ-ОА има прекрасно знаме
МПЦ-ОА има прекрасно знаме

Да бидеме конкретни, има појави на пробугарски па и прогрчки ставови во МПЦ-Охридска архиепископија. 

Во западна Македонија има манастири на кои се вее жолтото знаме со црн орел на Грчката православна црква, има и епископи по манастри кои често гостуваат на бугарски медиуми и даваат изјави дека МПЦ, Македонската православна црква произлегла од бугарската, а за тоа време примаат доверба, пари и опстојуваат од македонски граѓани и верници кои имаат сосема различно политичко и верско гледиште и ставови. 

Некои ќе се појават јавно, а некои како епископи од западна или владика од источна Македонија ќе работат зад грб други да зборуваат во нивно име.

Има такви нешта, ги гледаме и повремено ги објавуваме. 

Но, дали тие ретки појави сега ќе добијат шанса да доминираат и да го преземат работењето, традицијата и темелот на Македонската православна црква-ОА и Синодот.

Црквата, секако и МПЦ-ОА, му припаѓа на народот, а му служи на Бога.

Не им припаѓа на бугарофилите и не служи на ничија политика, особено не на бугарска или грчка.

Извор: Вечер.мк

Next Post
Песков: Путин подготвен за преговори со Трамп и Зеленски, но под еден услов

Песков: Путин подготвен за преговори со Трамп и Зеленски, но под еден услов

Лидл е посветен на изградба на модерна, енергетски ефикасна и безбедна инфраструктура во согласност со меѓународните стандарди

Препорачани Вести

Претседателката на бугарскиот парламент го отфрли предлогот за референдум за воведување на еврото

Тетовка измамена за 500 евра со лажни ветувања за социјална помош

4 months ago

Мицкоски најави нова милионска инвестиција со над 200 вработувања

9 months ago

Популарни Вести

  • Божиновска за Бизнис Вести: Годинава ја поставивме основата за зелена енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како го криеја тинејџерот бегалец од правдата: Обвинение за помагачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода возачи во Валандово, Гевгелија и велешко затоа што управувале возила под дејство на алкохол, возачот во велешко излетал од патот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балканска земја испраќа војници на Гренланд!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Тетово уапсен криминалец баран со потерница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.