Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Внимавајте доколку одите на одмор во Грција: Нови казни за возачите и до 2.000 евра – внимавајте на неколку работи!

by Уредник
30.05.2025
in Uncategorized
Внимавајте доколку одите на одмор во Грција: Нови казни за возачите и до 2.000 евра – внимавајте на неколку работи!

Грција воведува построги сообраќајни казни: 2.000 евра за мобилен телефон, до 8.000 евра за брзо возење

Грчките власти најавија сериозни измени во Законот за сообраќајна безбедност, со кои се воведуваат значително повисоки казни за прекршителите. Како што изјави алтернативниот министер за транспорт Константинос Киранакис за телевизијата Скај, новиот закон ќе биде доставен до надлежната комисија во грчкиот Парламент уште денес.

Меѓу најзначајните мерки се:

Казни од 350 до 2.000 евра за користење мобилен телефон при возење, дури и ако не се предизвика сообраќајна несреќа. За прво прекршување казната изнесува 350 евра и одземање на возачката дозвола на 30 дена. За второ, казната расте на 1.000 евра и одземање на дозволата за 180 дена, додека третото прекршување носи казна од 2.000 евра и едногодишна забрана за управување со возило.

Истиот режим важи и за неносење заштитна кацига од страна на мотоциклистите и нивните сопатници.

Ограничувањата на брзината се ревидираат:

Во мали и тесни улици во урбани средини ќе се дозволува максимум 30 км/ч

На главните градски патишта – 50 км/ч

На автопатите – ограничувањето ќе се зголеми на 140 км/ч

За возење со брзина над 200 км/ч, како и за учество во илегални улични трки, предвидени се казни од:

2.000 евра (прво прекршување, со одземање на дозволата за една година)

4.000 евра (второ прекршување, со одземање на дозволата за две години)

8.000 евра (трето прекршување, со забрана за возење во траење од четири години)

Во случај на сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди, се активира член од Кривичниот законик што предвидува затворска казна до 10 години.

Возење под дејство на алкохол, како и значително пречекорување на дозволената брзина, ќе резултира со отстранување на возилото од страна на сообраќајната служба („пајак“).

Паркирање на места резервирани за лица со попреченост ќе се казнува со одземање на регистарските таблички.

На велосипедистите ќе им биде забрането движење по улиците, со цел зголемена безбедност.

Министерот Киранакис подвлече дека главна цел на овие измени е спречување на „антисоцијалното возачко однесување“, особено во ноќните часови за време на викендите, кога се случуваат најголем број фатални несреќи.

Според официјалната статистика, половина од загинатите во сообраќајни несреќи се мотоциклисти, најмногу страдаат постари пешаци, а 94 проценти од сообраќајните инциденти ги предизвикуваат мажи.

Next Post
Ескалација на тензиите: Хутите се закануваат дека ќе напаѓаат цивилни авиони

Ескалација на тензиите: Хутите се закануваат дека ќе напаѓаат цивилни авиони

Бугарскиот парламент со декларација ќе одбие секаков план „Б“ за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ

Препорачани Вести

Милошоски: Жерновски зад себе нема ниту еден капитален проект – единствен му е прелетот од ЛДП во СДСМ

7 months ago
Мајстор наплати 100 евра за 10 минути работа – одговорот што го даде за тоа зошто наплаќа толку многу ја разбесни јавноста

Мајстор наплати 100 евра за 10 минути работа – одговорот што го даде за тоа зошто наплаќа толку многу ја разбесни јавноста

7 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.