Connect with us

Република

Филипче потврди уште еден кандидат за градоначалник на важна општина

Актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски, и официјално ќе се бори за нов мандат, објави лидерот на СДСМ Венко Филипче на трибината „Мугра на слободата“, одржана синоќа во Крива Паланка.

– Крива Паланка е општина која доживеа вистинска трансформација. Денес ја честитам кандидатурата на Сашко Митовски и сум сигурен дека ќе следи и победа, изјави Филипче.

Митовски во своето обраќање истакна дека Крива Паланка станува модерен и европски град. Во изминатите 3,5 години, реконструирани се над 50 улици, изградени нови водоводи и канализации, 12 нови детски катчиња, а целосно е уреден и градскиот кеј. Општината добила нов Генерален урбанистички план по речиси 40 години, како и функционален модел за долгорочен развој.

Митовски потенцираше дека буџетот е 100% реализиран, со вложувања во градинки, училишта, спортска и социјална инфраструктура, како и ваучери за лица со попреченост и бесплатни летувања за деца од семејства во ризик.

Како идни приоритети ги наведе реконструкцијата на главната улица, изградба на монтажна катна гаража со 166 паркинг места, зонско паркирање, пат до Калин Камен и нови хотелски инвестиции. Посебен акцент стави на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка вреден 93,7 милиони евра и рехабилитација на регионалните патишта, проекти вредни над 120 милиони евра.

– Ова не е време за експерименти. Време е за заштита на постигнатото и нов силен чекор напред, порача Митовски.

На трибината се обрати и пратеникот Љупчо Николовски, кој најави дека „слободата и победата ќе тргнат од Крива Паланка“.

Advertisement

Република

Општина Битола инсталира фотоволтаици во уште три училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на договорот со Фондацијата Отворено Општество, со кој Општината ќе добие донација за поставување фотоволтаици на уште две основни училишта – „Св. Климент Охридски“ и централното училиште „Даме Груев“.

Анексот претставува дополнување на претходниот договор, со кој минатата година беа инсталирани фотоволтаици на шест основни училишта во градот.

Во рамки на заложбата за искористување на обновливата енергија, Општината ќе постави фотоволтаици од сопствени средства и на една од зградите на основното училиште „Гоце Делчев“.

Овој проект е дел од стратегијата на Општина Битола за поддршка на одржливи решенија и намалување на трошоците за енергија во образовните институции.

Continue Reading

Република

Општина Битола: Панел дискусија за унапредување на услугите од јавните претпријатија

Општина Битола и Советот на Општина Битола организираат панел дискусија на тема „Како до подобри услуги за граѓаните од јавните претпријатија“, со цел отворање поширока јавна дебата за улогата и предизвиците на јавните претпријатија како сервис на граѓаните.

Во изминатиот период, јавните претпријатија се соочија со сериозни предизвици, почнувајќи од последиците од ковид пандемијата, преку енергетската криза, до напорите за нивна финансиска и организациска стабилизација. Токму овие состојби ја наметнуваат потребата од системско унапредување на квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните.

На панел дискусијата ќе учествуваат градоначалникот на Битола, претседателот на Советот, директорите на јавните претпријатија, како и експерти од областа. Отворена е покана и за поранешни директори, пратеници, советници, претставници на граѓански организации и медиумите, со цел да се обезбеди инклузивна и конструктивна расправа.

Настанот ќе се одржи в петок, на 19 декември, со почеток во 13:30 часот, во киното „Манаки“ во Битола.

Continue Reading

Република

Проданоски: Прилеп подготвен за Св. Никола – над 25.000 светиниколски сармички и богата празнична програма

Прилеп е целосно подготвен за одбележувањето на патрониот празник на градот – Св. Никола, со почитување на вековната традиција и силен дух на заедништво. Во пресрет на градската слава, околу 40 жени од четири прилепски здруженија – „Китка“, „Мајка Традиција“, „Преродба“ и „Орхидеја“ – започнаа со подготовка на препознатливите светиниколски мали сармички, кулинарски специјалитет карактеристичен само за Прилеп. Годинава ќе бидат подготвени повеќе од 25.000 посни сармички.

Градоначалникот Дејан Проданоски, заедно со претставници на овогодишните домаќини на градската слава, компаниите „Матадор“ и „Бимфоод“, ги посети жените во просториите на „Бимфоод“, каде што се одвиваше подготовката на специјалитетот.

Проданоски истакна дека враќањето и негувањето на традицијата е особено важно, нагласувајќи дека во подготовките учествуваат и млади генерации, кои на тој начин учат за културното наследство на градот.

По повод празникот Св. Никола, градоначалникот ги повика сите граѓани и посетители на 19 декември да бидат дел од чествувањето на градската слава, која, како што нагласи, симболизира мирољубивост, смирение и љубов.

Чествувањето ќе започне во 08:00 часот со Архиерејска божествена литургија во храмот „Св. Благовештение“, со која ќе чиноначалствува Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар. Во 12:00 часот ќе се одржат водосветот и прережувањето на празничниот колач пред параклисот „Св. Никола“ во центарот на градот.

По официјалниот дел, за сите добронамерници ќе биде послужена празнична посна светиниколска трпеза во централното градско подрачје. Во рамки на градската слава, на плоштадот „Александрија“ ќе се одржи и пригодна забавна програма, а на Камената бина ќе настапи прилепската музичка група „Тајфата“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг