Sunday, February 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

МПЦ-ОА одбележува 1.700 години од Првиот вселенски собор: Историско сведоштво за длабоките корени на христијанството во Македонија

by Уредник
31.05.2025
in Uncategorized
МПЦ-ОА одбележува 1.700 години од Првиот вселенски собор: Историско сведоштво за длабоките корени на христијанството во Македонија

Во пресрет на Неделата на светите отци од Првиот вселенски собор, денеска на археолошкиот локалитет „Стоби“ ќе биде отслужена Божествена литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение со повеќе архијереи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и бројно свештенство.

МПЦ-ОА упати јавен повик до сите православни верници да се приклучат на литургијата и заеднички да го одбележат големиот јубилеј – 1.700 години од одржувањето на Првиот вселенски собор, што се смета за клучен момент во историјата на христијанството.

Првиот вселенски собор бил одржан во 325 година во Никеја (денешна Турција), под покровителство на римскиот император Константин Велики. На соборот присуствувале 318 епископи од целата христијанска вселена, меѓу кои и тројца од територијата на денешна Македонија: Александар, епископ на Солун; Будиј, епископ на Стоби; и Дакиј, епископ на Скупи.

Од МПЦ-ОА потенцираат дека нивното присуство на Соборот претставува јасен историски доказ за длабоките и организирани црковни корени на христијанството во македонските простори, уште во IV век. Тие потсетуваат дека токму преку вакви настани се потврдува континуитетот и значењето на македонската црковна традиција во поширокиот православен свет.

Next Post
Една од водечките економии во светот на работ на рецесија – светот стравува од глобалбна криза

Една од водечките економии во светот на работ на рецесија - светот стравува од глобалбна криза

Објавени досега непознати детали: Кои држави и помагаат на Русија во војната во Украина?

Објавени досега непознати детали: Кои држави и помагаат на Русија во војната во Украина?

Препорачани Вести

Трамп: Наскоро пристигнува една од најважните одлуки

Трамп: Наскоро пристигнува една од најважните одлуки

10 months ago
Украинците влегоа во Белгород со тенкови и пешадиски единици, не помогнаа ниту змаевите заби на Русија

Украинците влегоа во Белгород со тенкови и пешадиски единици, не помогнаа ниту змаевите заби на Русија

10 months ago

Популарни Вести

  • СЗО предлага повисоки даноци за слатките и алкохолните пијалаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија лидер во извозот на зелка и моркови за Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Технички дефект на жичницата во Бурса: 51 лице евакуирано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мир по секоја цена: Хороскопски знаци што бегаат од расправии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.