Sunday, January 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Оперативен план 2025: 70 милиони денари за обуки и стоп за иселувањето!

by Уредник
31.05.2025
in Uncategorized

Младите да најдат работа дома, да се намали иселувањето и да им се помогне на луѓето во социјален ризик да стекнат нови вештини – ова се клучните цели на Оперативниот план за 2025 година, претставен денеска на трибината „Визија за промена“ во Владата на Република Македонија.

На настанот дискутираа министерката за образование и наука Весна Јаневска, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и директорот на Агенцијата за вработување Сељатин Бељули.

Јаневска најави дека преку Планот ќе бидат опфатени 600 лица кои ќе добијат можност за доедукација, доквалификација или преквалификација. За таа намена се издвоени 70 милиони денари, а обуките ќе траат три месеци и ќе се реализираат преку Центарот за образование на возрасни. Огласите за обуките ќе бидат објавени наскоро.

„Секој пријавен ќе добива финансиска поддршка од 12.000 денари месечно, додека организациите што ќе ги спроведуваат обуките ќе бидат надоместени со 30.000 денари месечно“, истакна министерката.

Таа посочи дека фокусот е ставен на вклучување на невработените и повозрасните во пазарот на труд, бидејќи недостигот на работна сила е сè поизразен.

„Со голема тага кажувам дека за седум години изгубивме 17.000 ученици и 7.000 студенти. Тоа е алармантно за една мала земја како Македонија“, предупреди Јаневска.

Оперативниот план 2025 е дел од поширока стратегија за задржување на младите и активирање на работоспособното население со цел стабилен и инклузивен пазар на труд.

Next Post

Коњановски на терен по инцидентот во Битола: Ќе се затвори градилиштето,за среќа нема повредени

Страшна несреќа кај Кичево: Судир на 4 возила – петмина хоспитализирани, една жена со тешки повреди!

Препорачани Вести

Москва започна нова операција во Украина – откриени вознемирувачки детали

Москва започна нова операција во Украина – откриени вознемирувачки детали

9 months ago

Три жртви и десетици повредени во екстремни временски услови низ Португалија и Британија

2 months ago

Популарни Вести

  • ГОЛЕМА ПОБЕДА:Тина Русева е прва во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимска анализа: Со што е најевтино да се загрева домот и каде се трошат најмногу пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хенли индекс 2026: Сингапур на врвот, македонскиот пасош бележи значителен напредок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Остров нуди работа од бајките: Плата од 15 евра на час и бесплатно сместување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само еден ден е доволен: Овие европски метрополи се совршени за краток излет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.