Connect with us

Магазин

Откритие што ја руши мистеријата на деветтата планета – нов објект што менува сè!

Научниот свет е во шок по најновото откритие во далечниот Кајперов појас! Нов небесен објект, наречен 2017 OF201, би можел целосно да ја промени приказната за хипотетичката деветта планета – мистериозното тело за кое се шпекулира дека е десет пати помасивно од Земјата.

Овој објект, со дијаметар од околу 700 километри, е доволно голем да добие статус на џуџеста планета, според американските астрономи кои стојат зад откритието. Но она што е навистина шокантно – неговата орбита не се вклопува во моделот што ја поддржува теоријата за деветтата планета!

Научниците велат дека ова би можело да значи крај на една од најголемите вселенски мистерии во последниве две децении. Според нив, новиот објект може да укаже на постоење на стотици слични тела, кои со својата маса и гравитација го објаснуваат движењето на телата во Кајперовиот појас – без потреба од мистериозна деветта планета!

Ова откритие, кое го следел дури и 23-годишен астроном-аматер, предизвика огромен интерес и дебата меѓу научниците. Дали деветтата планета е само мит? Дали сме на чекор до ново дефинирање на Сончевиот систем?

Се чини дека вселената повторно нè изненадува.

Advertisement

Магазин

Близу Скопје пронајдена древна населба постара од цивилизациите на Инките и Маите

Археолозите направија значајно откритие на локација околу две часа од Скопје, каде е откриена невидена древна населба чија возраст, според првичните процени, го надминува времето на познатите цивилизации на Инките и Маите.

Наодите укажуваат дека оваа праисториска заедница постоела многу порано отколку што се мислеше за населбите во регионот, а староста на археолошките слоеви и структури неколкупати е поголема од она што досега е пронајдено на други континенти. Стручњаците потенцираат дека станува збор за откритие со огромно значење за разбирањето на раните човечки општества.

Во тек се детални истражни ископувања, а пронајдени се остатоци од куќи, орудија, керамички предмети и други археолошки траги што укажуваат на развиена заедница со сопствена материјална култура. Екипите работат на утврдување на прецизната возраст на населбата преку радиокарбонска анализа и други научни методи.

Археолозите потенцираат дека пронајдените структури даваат нови сознанија за раното човечко живеење и можат да ја променат досегашната слика за миграциите, начинот на организирање и развојот на древните заедници.

Откритието предизвикува внимание и кај меѓународни експерти, кои најавија поддршка и вклучување во понатамошните истражувања. Според нив, овој локален наод може да има глобално значење за археологијата и историјата на човештвото.

Continue Reading

Магазин

Небесен спектакл над Македонија: Геминидите вечерва и утре ќе го достигнат својот врв

Метеорскиот дожд Геминиди, еден од највпечатливите астрономски настани во годината, го достигнува својот максимум вечерва и утре навечер. Астрономите најавуваат одлични услови за набљудување, особено ако времето биде ведро, а најдобар поглед ќе имаат жителите на северната хемисфера, пренесува Би-Би-Си.

Метеорските дождови се појава што настанува кога Земјата минува низ облаци од остатоци зад комети или астероиди. Кај Геминидите, изворот е астероидот 3200 Фетон – редок пример каде метеорски дожд не потекнува од комета. Кога честичките прашина и карпи влегуваат во атмосферата, тие согоруваат и создаваат светли траги познати како „ѕвезди што паѓаат“.

Иако повеќето метеори се бели, дел од нив може да светат во зелена, жолта, црвена или сина боја, во зависност од хемискиот состав. Натриумот, магнезиумот и калциумот создаваат ефекти слични на огномет, што го прави овој дожд особено атрактивен.

„На ведро ноќно небо може да се видат и до 100 метеори на час, што е исклучително многу. Ова е практично најсилниот метеорски дожд во годината“, изјави Роберт Маси, астроном од Кралското астрономско друштво во Велика Британија.

Оваа година, условите се поволни бидејќи Месечината е во опаѓачка фаза и ќе изгрее подоцна во текот на ноќта, што значи помало пречка за набљудување. Најдобар ефект ќе има од места далеку од градско осветлување, со чист и отворен поглед кон небото.

Геминидите најдобро се гледаат во периодот од 22:00 до 2:00 часот по полноќ, а за набљудување не е потребна никаква опрема – доволно е само голо око и малку трпение.

„Ова е едно од ретките природни задоволства што се целосно бесплатни. Излезете, погледнете кон небото и уживајте – тоа е момент кога можете да заборавите на секојдневните грижи и да се поврзете со универзумот“, порачува д-р Маси.

Continue Reading

Магазин

Македонците потрошиле скоро 3 милиони долари на Onlyfans

Македонските корисници во 2025 година потрошиле речиси 3 милиони долари односно вкупно 2.869.784,63 долари на платформата за креирање содржини за возрасни – Onlyfans. 

Иако сумата изгледа висока, сепак таа останува занемарлива во глобалните рамки каде прометот се мери во милијарди, но Македонија и натаму е меѓу државите со најниска просечна потрошувачка во регионот.

На глобалната листа на приходи на Onlyfans за 2025 година, земјава е позиционирана на 86-тото место од вкупно 188 држави. Оваа година потрошувачката е повисока за речиси 370.000 долари во однос на 2024-та година, што претставува пораст од околу 14,82 проценти.

Анализите според потрошувачката усогласена по глава на жител покажуваат нешто подобар пласман односно 64-то место со просек од 12.877 долари на 10.000 жители.

Разликите меѓу земјите се значителни. Словенија е убедливо пред сите со просечни 6,8 долари по жител, следат Хрватска и Грција со по 4,6 долари, Србија со 2,6 долари и Црна Гора со 2 долари. Под Македонија се само Бугарија и Албанија, чија просечна потрошувачка не достигнува ни еден американски долар по жител.

Извор: 4news.mk

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг